Дијагноза и менаџмент на примарно прогресивна мултипла склероза

Дијагнозата на примарно прогресивна мултипла склероза (ППМС) за почеток може да значи премногу.
Самата состојба е комплексна и има многу непознати фактори по однос на начинот на кој мултиплата склероза (МС) се манифестира различно кај секоја индивидуа.
Сега може да преземеме активности кои можат да ни помогнат во управувањето со ППМС и да ги спречиме компликациите кои можат директно да влијаат врз квалитетот на нашиот живот.
1. Што е различно за ППМС во споредба со другите форми на МС?
ППМС се разликува на неколку начини. На пример, порано предизвикува инвалидитет од повисок степен наспроти другите форми на МС, предизвикува помалку воспалителни процеси, присутни се помалку лезии во мозокот и истовремено повеќе лезии во ‘рбетниот мозок кои имаат тенденција да влијаат болеста да се дијагностицира потешко и подоцна во животот.
2. Како се дијагностицира оваа форма на мултипла склероза?
ППМС може да се дијагностицира и ако се појави и една лезија на мозокот, најмалку две лезии на ‘рбетниот мозок или покачено ниво на имуноглобулин G (IgG) во ликворот. Исто така, за разлика од другите форми на МС, може да се посомнева на ППМС доколку се појават симптоми и инвалидитет во траење од најмалку една година и без ремисија.
3. Што точно се лезии кај ППМС?
Лезии или плаки се наоѓаат кај сите форми на МС. Тие првенствено се појавуваат во мозокот, иако кај ППМС повеќе се откриваат во ‘рбетниот мозок. Лезиите се создаваат како резултат на воспалителен одговор кога имунолошкиот систем го уништува сопствениот миелин. Миелин е заштитна обвивка која ги обвиткува нервните влакна. Овие лезии се развиваат со тек на времето и се откриваат преку скен на магнетна резонанца.
4. Колку време е потребно за да се дијагностицира ППМС?
Според National MS Society за разлика од другите форми на МС, понекогаш, дијагностицирањето на ППМС може да потрае и до две или три години подолго. Ова се должи на комплексноста на состојбата. Пациентите кои тукушто се дијагностицирани со ППМС, веројатно нивната болест потекнува од пред неколку месеци, па дури и години тестирање и следење. Оние пациенти кои сè уште не добиле точна дијагноза за форма на МС, треба да имаат предвид дека може да биде потребно повеќе време за да се утврди точната форма. Ова е затоа што лекарот ќе треба да направи повеќе испитувања и тестови.
5. Колку често ќе треба да се прави преглед?
National MS Society препорачува да се направи магнетна резонанца на мозокот и ‘рбетниот мозок како и невролошки испитувања најмалку еднаш годишно. Ова ќе помогне да се утврди дали состојбата се повторува или напредува. Покрај тоа, мозочните скенирања можат да му помогнат на лекарот да го утврди текот на ППМС а тоа ќе му помогне да го избере правилниот третман. Знаејќи дека болеста напредува многу бргу, започнување со соодветен третман може да помогне да се спречи појавата на инвалидитет. Лекар треба да понуди специфични препораки за следење на болеста. Можеби ќе треба да се прават прегледи почесто доколку пациентот почувствува симптоми на влошување.
6. Дали симптомите можат да се влошат?
Почетокот на симптомите кај ППМС имаат тенденција да се појавуваат побрзо во споредба со другите форми на МС. Без соодветно менаџирање на болеста и на симптомите, постои ризик од прогресија на инвалидитетот. Поради поголем број на лезии во ‘рбетниот мозок, ППМС може да предизвика поголеми проблеми при одењето. Почесто може да се појават и депресија, замор и да се нарушат вештините за донесување одлуки.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.