Псевдорелапс кај мултипла склероза

Класичниот рецидив (напад, релапс) на мултипла склероза е прилично директен и јасен. Или имате нов симптом – оној кој досега не сте го имале, или можеби имате симптом(и) што го имавте и порано, но тој е многу полош отколку кога за прв пат го почувствувавте. Исто така, за да се смета за релапс, симптомот(те) мора да трае најмалку 24 часа. Повеќе за релапс прочитајте тука.
Што значи псевдорелапс?
Псевдо егзацербација или релапс е кога чувствувате еден или повеќе од симптомите кои претходно сте ги имале. Симптоми како што се тресење, губиток на вид или екстремен замор. Ова се симптоми кои сте ги имале во минатото, сепак, истите тие сега се предизвикани по некој особено стресен настан.
Псевдорелапс претставува состојба која потсетува на релапс, но тоа навистина не е така. Симптомите слични на релапс не се предизвикани од МС, туку од надворешни фактори, можеби претходни воспаленија. Сето ова е особено важно, бидејќи третманот на ваков тип на релапс генерално не е за кортикостероиди, туку е потребно да се пронајде што влијаело на телото да ги активира старите симптоми. Има многу стресни ситуации кои би можеле да му влијаат на телото и на МС. Ова вклучува покачена телесна температура поради треска, прекумерно и претерано вежбање, топла бања или сауна итн., инфекција во случаи дури и кога нема треска (на пр. грип, уринарна инфекција, воспаление на синус и инфекција на кожа итн.), траума, хируршка интервенција, употреба на нови лекови и друга медицинска состојба (како висок крвен притисок кај дијабетичари) и други видови на физиолошки стрес. Појавата на псевдорелапс не е поврзан со активни лезии во мозокот или ‘рбетниот мозок.
Има повеќе патокази кои овозможуваат да се направи разлика помеѓу релапс и псевдорелапс. Во продолжение ќе покажеме неколку брзи начини да се направи разлика меѓу овие два термини.
(Забелешка: Ве молиме јавете се кај Вашиот лекар доколку ги имате некои од овие симптоми, оваа статија има само едукативна алатка).
Тајминг
Ако влошувањето на симптомите варира, особено ако тие целосно се повлечат и подоцна повторно се појават, тоа е добар знак дека се работи за псевдорелапс. Ова е една од причините поради која најчесто не ги лекуваме релапсите кај МС во рок од 24 часа од почеток на симптомите. За разлика од мозочен удар, не постои доказ дека брза интервенција со употреба на кортикостероиди е подобра и ние сакаме да ги процениме симптомите и дали истите ќе се влошат самите од себе.
Стари МС симптоми
Појавувањето на старите симптоми е најчесто во случаи кога се работи за псевдорелапс. Воглавно, МС не се јавува како повторно воспаление на истиот дел на мозокот и пациентите нема да доживеат друг вистински релапс кој ќе биде идентичен на некој претходен.
Локализација/одредување на положба
Локализација е термин во неврологија кој се користи да се одреди местото на лезиите во мозокот или ‘рбетниот мозок врз основа на постоечките симптоми. Повремено, невролозите ќе кажат со сигурност дека не постои место на кое постои лезија во централниот нервен систем што може да ги предизвика постоечките симптоми. Ова нè упатува кон друг процес (како инфекција, употреба на лекови, стрес) кој се одвива во моментот и предизвикува многу повеќе влошување отколку нови активни лезии.
Видови на симптоми
Некои влошени симптоми повеќе личат на псевдорелапс отколку на релапс. Невролозите ги земаат предвид сите гореспоменати точки кои би помогнале да направат проценка што се случува во случаите кога пациентот не се чувствува добро. Се зема предвид историјата на болеста, особено временската рамка на појава на симптомите и лабораториските анализи, а доколку е потребно и наод од скен на мозокот на магнетна резонанца.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.