За националното здружение за МС

Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза (МС). Oсновано е на 11. март 2019 година.

Причина за нашето постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, заложби во насока на обезбедување на сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

Нашата мисија

Мисија на здружението е да го поддржи здравството, надлежните институции, граѓаните, невладиниот сектор, останатите чинители и меѓународните организации и институции во напорите за спроведување на реформи во оваа област во нашата држава.

Нашата цел е активно ангажирање околу потребите на лицата со мултипла склероза, справување нивните проблеми на секое поле, создавање на држава со значително подобар здравствен, социјален, пензиски и инвалидски систем.

Нашата визија

Населението во нашата држава ќе биде информирано за мултипла склерозата, потебата од справување со болеста и навремен третман по дијагностицирањето.

Веруваме дека ќе биде воспоставен силен и функционален здравствен систем, кој ќе биде целосно посветен и фокусиран на пациентите, како и граѓани кои ќе бидат свесни за сопственото здравје.

Направи Донација

Придонеси кон подобра и поефикасна работа на здружението.

Приклучи се

Стани член на националното здружение.

База на знаење

Најди ги информациите кои ти требаат.

Корисни Документи

Најди ги потребните документи.