Медицински/стручен одбор при здружението

Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза информира дека неодамна како работно тело во рамките на здружението се формира Медицински/стручен одбор во кој членуваат надворешни членови, медицински експерти докажани во својата област со долгогодишно работно искуство и знаење, поврзани со целите и активностите на здружението.

Медицинскиот/стручен одбор е во следниот состав:

  • науч. сор. д-р Иван Барбов
  • науч. сор. д-р Игор Кузмановски
  • науч. сор. д-р Николина Тановска
  • д-р Бојан Бошковски
  • д-р Слободанка Бурнеска Саздова
  • дипл. мед. сестра Јасмина Коруноска
  • дипл. мед. сестра Валентина Боневска

сите од ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија, Скопје.

Улогата на членовите на одборот ќе биде да дадат свој придонес во советување, помош, поддршка и имплементација на проекти, организирање на различни настани, конференции, подготовка на стручни материјали и консултации за имплементирање на протоколи за дијагноза и третман на мултипла склероза, како и стручна поддршка во креирање на стратегии.

Направи Донација

Придонеси кон подобра и поефикасна работа на здружението.

Приклучи се

Стани член на националното здружение.

База на знаење

Најди ги информациите кои ти требаат.

Корисни Документи

Најди ги потребните документи.