Биди физички активен!

Вежбите претставени во првото видео се изведуваат во седечка, стоечка и лежечка положба.

Потрудете се да ги изведувате согласно вашите можности, до граница на замор и почитувајќи ги напатствијата дадени од физиотерапевтот.

Веруваме дека активирањето на организмот и одржување на телесна и мускулна подготвеност ќе ви бидат од огромна корист. Ви посакуваме успешно вежбање во комфорноста на вашите домови.

Вежбите претставени во ова видео се фокусирани на лицата со МС кои можат да изведуваат вежби во стоечка положба со мала помош или целосно самостојно, а се токму за подобрување на рамнотежата и моториката.

Исто така застапени се вежби за раце, грб и врат кои се изведуваат на пилатес топка или во лежечка положба.

Цврсто сме уверени дека ќе ги најдете одговарачките вежби за вас и ќе останете активни и насочени кон одржување на сопственото здравје во овој период настанат како резултат на пандемијата од коронавирусот.

Во третото видео ќе најдете вежби кои ќе придонесат за подобрување на сензорните функции, моториката и балансот. Кога ќе ги изведување можете да се потпирате со цел успешно да ги изведете, а сепак да ви бидат од корист.

Ќе најдете вежби кој се изведуваат на пилатес топка и со помош на стапче/сукало, а наменети за раце и гради, и не се изоставени корисните вежби во лежечка положба.

Убедени сме дека ќе ги пронајдете вистинските вежби кои ќе ви помогнат за одржување на вашата здравствена состојба и ќе делуваат на вашето позитивно расположение во овој пориод на вонредна состојба.

Направи Донација

Придонеси кон подобра и поефикасна работа на здружението.

Приклучи се

Стани член на националното здружение.

База на знаење

Најди ги информациите кои ти требаат.

Корисни Документи

Најди ги потребните документи.