Права и поволности за лицата со мултипла склероза кои се членови на Националното здружение за МС

Организиравме катче каде се потрудивме да ги сумираме и со еден клик да ви бидат лесно достапни поволностите и правата на лицата со мултипла склероза. Поделени се на:

  • Права кои се обезбедуваат согласно позитивните законски акти, а за чие остварување Националното здружение за МС обезбедува поддршка при остварувањето и
  • Поволности кои се обезбедени од Националното здружение за МС.

Бидете информирани и во тек со сите актуелности и новости, а Националното здружение за МС секогаш ќе се труди да ја ажурира и проширува листата на достапни права и поволности.

_______________________________________________________________________________

Права кои се обезбедуваат согласно позитивните законски општи и посебни акти, а за чие остварување Националното здружение за МС за своите членови обезбедува поддршка при остварувањето и користењето:

 

 

 

  • Јавните претпријатија кои управуваат со паркинзите во Град Скопје и Општина Центар, овозможуваат повластено користење (без надомест) на нивните паркинг услуги на сите јавни паркиралишта и јавни површини наменети за паркирање – зонско паркирање со кои стопанисуваат во рамки на својата надлежност. Повеќе информирате се на следниот линк: https://msmakedonija.eu.org/novosti/besplatni-parking-uslugi-za-icata-so-ms-na-teritorija-na-skoipje-i-centar/

 

  • Можност за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил, преку поднесување на барање до надлежниот Центар за социјална работа, согласно критерумите утврдени во годишната програма за оваа намена. Повеќе на: https://msmakedonija.eu.org/novosti/nabavka_vozilo/

 

  • Правото на образование на лицата со попреченост на еднаква основа со другите е гарантирано со Конвенцијата за правата на лица со попреченост. Во таа насока и Законот за високо образование предвидува право на ослободување од партиципацијата за студирање на јавните високообразовни установи за овие лица. Информирајте се детално за оваа можност на следниот линк: https://msmakedonija.eu.org/novosti/uredba/

 

  • Достапни социјални услуги за помош и нега во домот и услуги на персонална асистенција кои се остваруваат преку Центрите за социјална работа во соработка со мрежата на организациии на Црвен крст и другите организации- овластени даватели на социјални услуги низ Републиката. Подетално информирајте се на следниот линк https://msmakedonija.eu.org/novosti/crven_krst/

 

Поволности кои се обезбедени од Националното здружение за МС:

 

  • Согласно склучен Договор со Лабораторија Авицена обезбедени се поволности за членовите на Националното здружение за МС, попуст во висина од 10% на лабораториските услуги кои истата ги нуди на пазарот, освен оние услуги за кои Авицена има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РСМ. Подетално за услугите кои ги нуди, информирајте се на http://avicenalab.com.mk/

 

  • ЦД диет клуб Скопје – овозможен е попуст на услугите во износ од 50%. Свесни сме за бенифитите кои ги нуди здравата исхрана која ни е неопходна за поедноставно справување и одржување на нашата состојба. ЦД диет клуб Скопје нуди програма на исхрана со следење на состојбата на неделно ниво од страна на сертифициран нутриционист, консултант Цвета Динева, контакт тел. 02 / 3214 099 или 078 / 363 903, https://www.facebook.com/groups/379733046104253/

 

  • Во соработка со компанијата НУГА БЕСТ Неувита која нуди широк асортиман на производи и терапевтски третмани за превенција и подобрување на здравјето на луѓето, Националното здружение за МС за своите членови овозможува користење на  10 бесплатни третманиза лицата кои прв пат ја користат оваа можност, во центрите на НУГА БЕСТ ширум земјата. Повеќе информации за пакетите кои Ви се достапни, како и за останатите  поволности можете да најдете тука.

 

  • За членовите на Националното здружение за МС, Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје, организира две бесплатни проби на новото одело за невромодулација Exopulse Mollii. Повеќе информации имате на следниот линк: https://msmakedonija.eu.org/novosti/sorabotka-nzms-i-slavej-ad-skopje-exopulse-mollii-suit/

 

  • Уникатниот третман кој го нуди BODYTEC – студио за персонален тренинг заснован на ЕМС- метода (електро мускулна стимулација) е од особена полза за лицата со МС, поради што овозможивме пробен бесплатен трернинг и 20% попуст на услугите за членовите на Националното здружение. Повеќе детали за начинот како оваа метода делува на Вашето здравје и како да закажете третман погледнете овде: https://msmakedonija.eu.org/novosti/sorabotnik_bodytec/

 

  • Со цел да им овозможиме на нашите членови, лицата со мултипла склероза, врвна услуга од високостручни лица во областа на физиотерапијата, која ќе овозможи лицата со МС да ја одржуваат својата телесна и мускулна подготвеност и оптимална спремност со цел одбегнување на прогресија на болеста и можно влошување на здравствената состојба, и секако по најпристапна цена, договоривме попуст од 15% на сите услуги кои  ги нудат. За повеќе инфо пристапете на следниот линк: https://msmakedonija.eu.org/novosti/fizio-dinamk-nov-sorabotnik-na-nzms/
    • Центарот за физикална терапија, киропрактика, масажа и кинезитерапија ФИЗИО ДИНАМИК – Скопје. Детално за услугите и начинот на закажување имате на следниот линк https://www.facebook.com/fiziocentardinamik и
    • Центарот за масажа и одржување на тело ФИЗИОТЕРАПЕВТ ЗДРАВЈЕ – Гостивар. Детално за услугите и начинот на закажување имате на следниот линк https://www.facebook.com/profile.php?id=100074397672857

 

  • Заради различните потреби на лицата со МС, континуирано обезбедуваме голем број терапевтски опции. Сега лицата со МС имаат можност да ги користат услугите кои ги нуди Bowen Therapy Skopje со попуст од 20%. Детално за Бовен терапијата имате на следниот линк.

 

  • Согласно склучен Меморандум за соработка со Семос Компјутерски Образовен Центар, а со цел обезбедување на најразлични услуги кои се од корист на лицата со МС и членовите на нивните семејства обезбедивме попуст од 15% попуст на официјални и сертифицирани обуки во делот на ИТ. Детално информирајте се на следниот линк.

 

  • Грижата и унапредувањето на емоционалното и менталното здравје на лицата со МС и нивните семејства се меѓу приоритетите на Националното здружение за МС, поради што овозможивме бесплатна психолошка и психотерапевтска подршка за нашите членови и нивните семејства. Покрај вообочаениот начин на пружање на поддршката преку on-line сесии, Поради големиот интерес од почетокот на месец октомври Националното здружение за МС успеа да обезбеди и дополнителна услуга која дава можност членовите на кои тоа им е неопходно, да остварат директни непосредни сесии со психолог, кои ќе се реализираат со физичко присуство. Сите информации во врска со услугата Ви се достапни на:   https://msmakedonija.eu.org/multipla-skleroza/psiholoska-i-psihoterapevtska-pomos/

 

  • Со цел навремено информирање на нашите членови за правата кои можат да ги остварат согласно законите и другите прописи изготвивме база на закони и прописи која постојано се ажурира и е достапна на следниот линк: https://msmakedonija.eu.org/multipla-skleroza/zakoni-i-propisi/

 

  • Заради полесно остварување на правата за лицата со МС, обезбедивме и бесплатна правна помош и поддршка на лицата со МС кои имаат потреба од консултација, советување и упатување во врска со остварување на определено правно прашање/проблем поврзани со МС или состојби предизвикани од МС. Поддршката опфаќа правни совети за остварување и заштита на права од социјална и здравствена заштита, пензиско и инвалидско осигурување, работни односи или други постапки поврзани со МС, или состојби предизвикани од МС, појаснување на правните механизми и постапките кои стојат на располагање за определено правно прашање и остварување на право. Детални информации за опфатот на услугата и начинот како да ја остварите истата можете да најдете тука.

 

  • Во соработка со Македонското здружение на млади правници, како дел од проектот „Правна аптека“ овозможуваме бесплатна правна поддршка за пациентите кои се соочуваат со проблеми поврзани со болничката терапија. Повеќе информации прочитајте овде: https://pravnaapteka.mk/

 

  • Во насока на зголемување на Вашата информираност и едукација, а со цел унапредување на Вашето здравје, силно Ве охрабруваме редовно да ги следите содржините кои се објавуваат во делот „База на знаење“. Тука може да најдете одговори на многу прашања поврзани со Вашата здравствена состојба кои ќе Би го олеснат секојдневниот живот, како и да бидете во тек со последните научни сознанија за МС.

 

  • Во рамки на проектот „Виртуелен МС советник“ се погриживме тим од високостручни лица (невролог, психолог, физиотерапевт, нутриционист) да дадат прецизни одговори на најчестите прашања поврзани со МС, кои се базирани на проверени, ажурирани и релевантни извори. Видеата со прашањата и одговорите можете да ги погледнете тука.

 

  • Свесни за значењето на редовната физичка активност, кои можат да Ви помогнат правилно да го одржувате Вашето тело во оптимална кондиција, а Вашиот дух во харонична состојба, изработивме наменски видеа со вежби за лицата со МС кои можете да ги погледнете тука.

 

  • Практикувањето на јога – вежбите исто така може благопријатно да делува на општата состојба кај лицата со МС. Поради тоа овозможивме да Ви бидат достапни видеа со прилагодени вежби со терапевтска јога. Видеата се достапни тука.

 

  • За членовите на Националното здружение за МС, Каритас можат да обезбедат храна/намирници и основни хигиенски средства, како и лекови (тука не спаѓаат лековите кои се препишани од невролог и обезбедени од Клиниката за неврологија). Оваа помош првенствено е наменета за лица од социјален ризик, самохрани родители, лица кои тешко се движат и не се во можност финансиски да ги сносат трошоците за живот. Повеќе: https://msmakedonija.eu.org/novosti/ms__karitas/

Одвојте време и информирајте се! Тоа е првиот чекор кон вистински одговорен однос и кон подобрување на Вашето здравје!

Направи Донација

Придонеси кон подобра и поефикасна работа на здружението.

Приклучи се

Стани член на националното здружение.

База на знаење

Најди ги информациите кои ти требаат.

Корисни Документи

Најди ги потребните документи.