Наш нов соработник – BODYTEC

На ваше барање, а на наше посебно задоволство ви ја обзнануваме нововоспоставената соработката со BODYTEC – студио за персонален тренинг засновано на ЕМС метода.
Имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваме и постојаните напори за воспоставување подобар квалитетот на живот, кој е од есенцијално значење за лицата со мултипла склероза, тимот на Националното здружение делува во интерес на лицата со МС со цел обезбедување на најразлични видови на услуги и сервиси.
BODYTEC има искусто во работа со лица со сериозни невролошки нарушувања, посебно со мултипла склероза, а за потребите на членовите на Националното здружение за МС овозможува пробен бесплатен трернинг и 20% попуст на услугите.
Што е Bodytec?
Bodytec е револуционерен начин на вежбање со помош на ЕМС метода. ЕМС методата представува електро мускулна стимулација, која во исто време прави оптеретување на речиси целата скелетна мускулатура на телото. Со помош на тоа оптеретување, односно контракција на мускулите се изведуваат вежби исто како кај конвенционалниот начин на вежбање, само што тука нема потреба да се користи товар (тегови), т.е. оптеретувањето доаѓа од самата контракција потпомогната од ниско-фрекфрентна струја. Патем иста таква струја се користи и во центрите за рехабилитација.
Кои се придобивките од овој начин на вежбање?
Првенствено струјата делува на повеќе од 90% од скелетната мускулатура едновремено, што допринесува до огромна ефикасност при вежбање за краток временски интервал. Понатаму истата влијае длабински и до најситните и најскриени мускулни влакна, што е тешко да се активираат со обичен тренинг. Вежбањето со Bodytec, не ги оптеретува зглобовите, ја подобрува мускулната контрактибилност, се подобрува издржливоста, силата како и експлозивноста на мускулите. Вежбањето со Bodytec методата, го забрзува метаболизмот, со што доведува до полесно и побрзо согорување на масните резерви, исфрлање на токсините од телото, како и делува терапевтски при појава на болки во телото, најчето во грбот предизвикани од (лордоза, кифоза, сколиоза, дискусхернија, спондилоза на врат итн.) исто така помага против болки во колената и други зглобови.
Какви сe’ справи и вежби вклучува еден тренинг. Во што се состои еден тренинг?
Еден тренинг во Bodytec вклучува вежби за јакнење и оформување на целото тело, како и вежби за подобрување на општата и специфична издржливост. Истиот трае само 20 минути, поради големата ефикасност од ЕМС методата, па со тоа се заштедува и огромно време кое би го потрошиле на конвенционалиот начин на вежбање. Во основа никакви справи и помагала не се потребни, бидејќи струјата е доволна во најголемиот дел од вежбањето, но по потреба или по желба може да вклучат и помагала, како тегови, топчиња, медицинска топка и др.
Дали кога станува збор за Bodytec постојат одредени ограничувања во однос на возраста, одредени здравствени проблеми?
Со овој начин на вежбање можат да се занимаваат речиси сите категории на луѓе. Сепак постојат исклучоци како, заболени од (циркуларно заболување, пациенти со пејсмејкери, пациенти со туморно заболување, акутни бактериски инфекции, трудници, хемофиличари).
Погледнете ја веб страницата https://bodytec.mk/.
Фб страница за повеќе информации и начин на закажување https://www.facebook.com/bodytec.mk/
Како изгледа студиото BODYTEC погледнете тука.
Тимот на Националното здружение за МС секогаш е насочен кон овезбедување диверзитет во услугите кои ги нуди на своите членови, токму поради различните потреби, афинитети и можности на лицата со МС. На овој начин секој ќе може да го одбере најдобриот и најпосакуваниот начин заради обезбедување и одрување на својата состојба.
ЗА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МС
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platform, EMSP), полноправна членка на Светската алијанса на пациенти (анг. World Patient Alliance) и асоцијативна членка на Алијансата на пациентски организации (АПО).
Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.
Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.