Закони и прописи

Ова место е резервирано за еден многу важен сегмент од животот на лицата со мултипла склероза (МС).

Тим на правници, соработници на Националното здружение за МС се посвети на издвојување на локалните законски прописи (Закони, Правилници, Програми…) во кои се загарантирани и утврдени правата на лицата со мултипла склероза. Целта е да излеземе во пресрет на сите лица кои се соочуваат со ова хронично заболување.

Работевме макотрпно на оваа проблематика со цел овозможување пристап, а воедно и запознавање на лицата со МС со актуелните, пречистени и консолидирани текстови на важечките прописи во кои се регулирани нивните права.

Веруваме дека полесно ќе го најдете начинот како да постапите, иницирате и остварите вашите права – бидејќи непознавањето на законот не е оправдување.

1.        ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

Овој закон ги дава основите на работни односи: засновање и престанок на работниот однос, плаќање на работата, начините на заштита на правата, остварување на право на зголемен годишен одмор, работа со скратено работно време за инвалидите и родителите на деца со посебни потреби, заштита од неоснован отказ и други прашања.

Пристап до овој закон имате на овој линк.

2.       ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Со овој закон се регулирани прашањата поврзани со инстуционалната и вонинсуционалната социјална заштита како и правата на парични надоместоци меѓу кои: гарантирана минимална помош; надоместок заради попреченост; надоместок за помош и нега од друго лице; надоместок на плата за скратено работно време; додаток за домување; траен надоместок; еднократна парична помош.

Опишани се условите под кои се стекнува секое од правата и висината на надоместоците.  Исто така наведени се условите користење на социјалните услуги од страна на лицата со попреченост и лицата кои се грижат за нив како што се: лична асистенција, помош и нега во домот, услуги на дневен, привремен престој, одмена на семејна грижа и други услуги.

Законот е достапен на следниот линк.

3.       ЗАКОН ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Овој закон ги уредува прашањата од областа на пензиското и инвалидското осигурување, ги дефинира категориите на осигуреници и начинот на финкционирање на системот на пензиското и инвалидското осигурување. Тука детално се обработени постапката и условите под кои осигурениците може да ги остварат правата на старосна пензија; инвалидска пензија; семејна пензија; право на професионална рехабилитација и права на соодветни парични надоместоци; правото на паричен надоместок за телесно оштетување, право на најнизок износ на пензија, утврдување на стаж со зголемено траење и други прашања.

Законот го има достапен тука.

4.       ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Овој закон уредува прашања кои се однесуваат на системот и организацијата на здравствената заштита и вршењето на здравствената дејност, загарантираните права и утврдените потреби и интереси на државата во обезбедувањето на здравствената заштита, здравствените установи, вработувањето, правата и должностите,  одговорноста, евалуацијата, престанокот на вработувањето, заштитата и одлучувањето за правата и обврските на здравствените работници и здравствените соработници, квалитетот и сигурноста во здравствената дејност, коморите и стручните здруженија, рекламирањето и огласувањето на здравствената дејност, вршењето на здравствена дејност во вонредни услови и надзорот над вршењето на здравствената дејност.

Текстот на Законот е достапен тука.

5.  ЗАКОН ЗА ЗДРАВСTВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ

Овој закон ги уредува основните начела на системот на здравствено осигурувањe, статусот и улогата на сите вклучени субјекти во давањето на здравствените
услуги како и нивната одговорност при спроведување на Законот.

Целиот текст на овој закон го имате на следниот линк.

6.       ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ

Со овој закон се уредуваат заштитата на правата на пациентите во користењето на здравствената заштита, должностите на здравствените установи и здравствените работници и соработници, општините и фондот за здравствено осигурување во унапредувањето и заштитата на правата на пациентите, постапката за  заштита  на  правата на пациентите, како и надзорот над спроведувањето на законот.

Законот е достапен тука.

7.       ЗАКОН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА

Со овој закон се уредуваат условите за вработување и работење на инвалидни лица кога самостојно вршат дејност како: ссмовработено лице, кај работодавец кај сите државни институции, како и поговностите (финансиска поддршка и даночни олеснувања при вработување на инвалидни лица).

Текстот на законот е достапен тука.

8.       ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦА

Овде е уреден системот за заштита на децата одговороста на државните институции и начинот на остварување на паричните и други права на семејството меѓу кои: правото на посебен додаток за родител на дете со попреченост.

Законот ви е достапен на следниот линк.

9.       ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Овој закон ги опишува основите на дискриминација, областите во кои може да дојде до дискриминација, исклучоците од истата и постапката на заштита од дискриминација и утврдување на одговорност кај дискриминаторите.

Законот го имате тука.

10.       ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА

Тука е утврдена постапката и условите под кои може да се добие надоместок за социјална сигурност на старите лица, како и додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството.

За да го видите текстот на Законот пристапете ја следниот линк.

11.     ЗАКОН ЗА ЈАВНИТЕ ПАТИШТА

Со овој закон, меѓу другото, е регулирано правото на ослободување од плаќање на надоместокот за употреба јавни патишта и ослободување од плаќање на патарина за лица со попречност.

Линк до законот тука.

12.     ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Со правилникот поблиску се уредуваат содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување на осигурените
лица на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Правилникот е достапен тука.

13.       ПРАВИЛНИК ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОБЕМОТ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ ШТО ПАЃААТ НА ТОВАР НА СРЕДСТВАТА НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Со овој правилник се утврдува обемот на здравствените услуги кои осигурениците од член 12 од Законот за здравствената заштита можат да ги користат на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување, висината на надоместокот на личниот доход за време на привремена спреченост за работа, висината и начинот на враќање на дел од уплатениот придонес и висината и начинот на учеството на осигуреникот во дел од трошоците на здравствените услуги односно лекови.

Правилникот е достапен тука.

14.       ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ, УТВРДУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА ПРИХОДИТЕ, ИМОТОТ И ИМОТНИТЕ ПРАВА НА ДОМАЌИНСТВОТО, ОПРЕДЕЛУВАЊЕТО НА НОСИТЕЛОТ НА ПРАВОТО, ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Со овој правилник се пропишува начинот на остварување на правото на гарантирана минимална помош, утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството, определувањето на носителот на правото, образецот на барањето и потребната документација.

Правилникот е достапен тука.

15.       ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА НАДОМЕСТОК ЗАРАДИ ПОПРЕЧЕНОСТ, ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА, СОСТАВОТ НА ПРВОСТЕПЕНАТА И НА ВТОРОСТЕПЕНАТА КОМИСИЈА, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА КОНЗИЛИЈАРНОТО МИСЛЕЊЕ, КАКО И НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ

Овој правилник го пропишува начинот за остварување на правото на надоместок заради попреченост, потребната документација, составот на првостепената и на второстепената комисија, формата и содржината на конзилијарното мислење, како и надоместокот за издавање на конзилијарно мислење.

За текстот на Правилникот пристапете на овој линк.

16.   ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА НАДОМЕСТОК ЗА ПОМОШ И НЕГА ОД ДРУГО ЛИЦЕ, ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ОБРАЗЕЦОТ ЗА ДАДЕНО МИСЛЕЊЕ ОД СТРАНА НА МАТИЧНИОТ ЛЕКАР ЗА ПОТРЕБАТА ОД ПОМОШ И НЕГА ОД ДРУГО ЛИЦЕ, НАЧИНОТ НА РАБОТА НА СТРУЧНАТА КОМИСИЈА, СОСТАВОТ И НАЧИНОТ НА РАБОТАТА НА ВТОРОСТЕПЕНАТА КОМИСИЈА, НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ИЗДАДЕНИТЕ НАОДИ И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ ЗА ДАВАЊЕ НА НАОД, ОЦЕНА И МИСЛЕЊЕ ЗА ПОТРЕБАТА ОД ПОМОШ И НЕГА ОД ДРУГО ЛИЦЕ

Правилникот го пропишува начинот за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице, образецот на барањето и потребната документација, образецот за дадено мислење од страна на матичниот лекар за потребата од помош и нега од друго лице, начинот на работа на стручната комисија, составот и начинот на работата на второстепената комисија, начинот на водење евиденција за издадените наоди и формата и содржината на образецот за давање на наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице.

Правилникот е достапен на следниот линк.

17. ПРАВИЛНИК ЗА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА МЕДИЦИНСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈА КАКО ПРОДОЛЖЕНО БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ

Со овој Правилник се уредуваат критериумите и медицинските индикации за остварување на правото на специјализираната медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување (бањско лекување), должината на траењето на рехабилитацијата, како и начинот и постапката за остварување на правото.

Оваа програма е достапна на следниот линк.

18.   ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ, ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ОВА ПРАВО

Со овој правилник се пропишува начинот на остварување на правото на еднократна парична помош, образецот на барањето и потребната документација за остварување на ова право.

Текстот на Правилникот е достапен тука.

19.   ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА И ВИДОТ НА ПРИХОДИТЕ, ИМОТОТ И ИМОТНИТЕ ПРАВА НА ПОДНОСИТЕЛОТ И НЕГОВИОТ БРАЧЕН ДРУГАР ИЛИ ЛИЦЕ СО КОЕ ЖИВЕЕ ВО ВОНБРАЧНА ЗАЕДНИЦА, ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА СОЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА

Овој правилник го пропишува начинот на утврдување на состојбата и видот на приходите, имотот и имотните права на подносителот и неговиот брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница, образецот на барањето и потребната документација за остварување на правото на социјална сигурност за старите лица.

Линк до правилникот тука.

20.     ПРАВИЛНИК ЗА ИНДИКАЦИИТЕ ЗА ОСТВAРУВАЊЕ НА ПРАВО НА ОРТОПЕДСКИ И ДРУГИ ПОМАГАЛА – (пречистен текст 2021 година)

Овој правилник дава преглед на видот на ортопедски помагала кои можат да ги користат лицата со попреченост а чија набавка е на товар на средствата од Фондот за здравствено осигурување.

Правилникот е достапен тука.

21.    ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ, ОБЕМОТ, НОРМАТИВИТЕ И СТАНДАРДИТЕ ЗА ДАВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ НА ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ, РЕХАБИЛИТАЦИЈА И РЕИНТЕГРАЦИЈА И РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИЈА И ЗА ПРОСТОР, СРЕДСТВА, КАДРИ И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЦЕНТАР ЗА ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ, ЦЕНТАР ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА И ЦЕНТАР ЗА РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИЈА

Со овој Правилник се утврдуваат условите под кои се остваруваат услугите за дневен престој за лицата со попреченост.

Правилникот го имате тука.

22.     ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ, ОБЕМОТ, НОРМАТИВИТЕ И СТАНДАРДИТЕ ЗА ДАВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА УСЛУГА ОДМЕНА НА СЕМЕЈНА ГРИЖА И ЗА ПРОСТОР, СРЕДСТВА, КАДРИ И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЦЕНТАР ЗА ОДМЕНА НА СЕМЕЈНА ГРИЖА

Со овој Правилник се утврдуваат условите под кои се остварува услугата за одмена на семјна грижа за лицата со попреченост.

Текстот на правилникот го имате на овој линк.

23.      ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ОБЕМОТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ, НОРМАТИВИТЕ И СТАНДАРДИТЕ ЗА ДАВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ

Со одредбите на овој Правилник се утврдуваат условите под кои се остваруваат услугите за помош и нега во домот за лицата со попреченост.

Правилникот го имате на овој линк.

24.       ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ОБЕМОТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ, НОРМАТИВИТЕ И СТАНДАРДИТЕ ЗА ДАВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА

Во овој правилник е опишан начинот и условите за остварување на правото на лична асистенција за лицата со попреченост.

Правилникот го имате тука.

25.       ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ОБЕМОТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ, НОРМАТИВИТЕ И СТАНДАРДИТЕ ЗА ДАВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ ЖИВЕЕЊЕ СО ПОДДРШКА

Со овој Правилник се утврдуваат условите под кои се остваруваат услугите за живеење со поддршка за лицата со попреченост.

Правилникот го имате тука.

26.      ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА ЗА СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ, ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО

Со овој правилник се утврдуваат условите и начинот како се остварува правото на надоместок на плата за скратено работно време за лицата со попреченост и нивните семејства.

Правилникот е достапен тука.

27.      ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ПАРИЧНА ПОМОШ НА РОДИТЕЛ КОЈ ИМА ДЕТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ, ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ОВА ПРАВО

Во овој правилник е опишан начинот и условите за остварување на правото на парична помош на родител кој има дете со попреченост.

Овој правилник е достапен на следниот линк.

28.     КОНВЕНЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Конвенцијата за правата на лицата со попреченост е најзначајниот меѓународно правен инструмент кој го регулира прашањето на попреченоста на сеопфатен начин, преку дефинирање на попреченоста и утврдување на јасни обврски на државите за достоинствен третман на лицата со попреченост.

Запознајте се со овој документ на следниов линк.

29.      ПРОГРАМА ЗА ПАРТИЦИПАЦИЈА ПРИ КОРИСТЕЊЕТО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ОДДЕЛНИ ЗАБОЛУВАЊА НА ГРАЃАНИТЕ И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА РОДИЛКИТЕ И ДОЕНЧИЊАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2024 ГОДИНА

Со оваа програма се утврдуваат дијагнозите и индикациите за заболувањата и состојбите за кои се обезбедуваат средства за партиципација.

Програмата достапна на следниов линк.

30.     ПРОГРАМА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО ТЕШКА, ПОТЕШКА И НАЈТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2024 ГОДИНА

Со оваа програма се уредуваат мерките, носителите, начинот на спроведување, потребната документација и обезбедените средства за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка, потешка и најтешка телесна попреченост.

Оваа програма е достапна на следниот линк.

31.    УРЕДБА ЗА ПРАВОТО НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ И ДРУГИ ЛИЦА ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД ПАРТИЦИПАЦИЈА ЗА СТУДИРАЊЕ

Со оваа уредба се уредува правото на лицата со попреченост и на другите лица да бидат ослободени од партиципација за студирање на јавните високообразовни установи.

Уредбата е достапна на следниот линк.

Направи Донација

Придонеси кон подобра и поефикасна работа на здружението.

Приклучи се

Стани член на националното здружение.

База на знаење

Најди ги информациите кои ти требаат.

Корисни Документи

Најди ги потребните документи.