ПОВОЛНОСТИ ЗА ЛИЦАТА СО МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ ПАТИШТА

Тргнувајќи од значењето на општата мобилност кај лицата со попреченост, Законот за јавните патишта овозможува ослободување од плаќање одредени надоместоци за лицата кои имаат специфичен вид на попречености.
Така, возилата на лицата кои имаат дистрофија, мултипла склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), слепите лица со оштетување на видот над 90% лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, се ослободени од плаќање на надоместок за употреба на јавните патишта (патна такса) кој е дел од надоместоците кои се плаќаат при годишната регистрација на возилата. За да ја го остварат ова право потребно е при регистрација на сопственото возило во станиците за технички преглед да достават на увид документација за здравственета состојба / видот на попреченост (наод и мислење, лекарски извештај каде е видливо наведена дијагноза G35).
Истата група на лица, вклучително и лицата со МС се ослободени од плаќање на патарина. За таа цел, за секое возило кое е ослободено ЈП за државни патишта издава електронска картичка која го евидентира поминувањето на возилото на наплатните рампи низ Републиката. Членовите на Националното здружение за МС можат да остварат ова право така што, до Здружението ќе достават документација (копија или во електонска форма) за здравственета состојба (отпусно писмо, извештај од специјалист – невролог), лична карта, сообраќајна дозвола од возилото кое треба да биде ослободено од плаќање патарина и Потпишана Изјава за давање согласност за користење на лични податоци од страна на ЈП за Државни патишта. Националното здружение ги проследува докуметите до соодветните институции и по завршувањето на постапката и издавањето на електронската картичка, го информира лицето за начинот на подигање на истата.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Електронските картички се пресонализирани, односно содржат податоци за имателот (име и презиме на лицето со попреченост), како и единствен сериски број на уредот, модел на патничко моторно возило, боја на возилото како и регистарските таблички на истото, така што, секоја злоупотреба на картичката повлекува нејзино блокирање и други санкции кон лицето кое ја злоупотребило.