БЕСПЛАТЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА ЛИЦАТА СО МС

Соработката со локалните власти и давателите на услуги од јавен интерес е мошне важна за унапредување на секојдневието на лицата со мултипла склероза. Затоа, Националното здружение за МС ја поддржува позитивната пракса на Советот на Град Скопје преку посебна Годишна програма за повластено користење на јавниот градски превоз, од страна на лица со посебни потреби во соработка со ЈСП Скопје да овозможи бесплатно користење на јавниот гратски превоз за овие лица (вклучително и за лицата со МС) кои имаат живеалиште на територијата на Град Скопје.
По донесувањето на Годишната програма од страна на Советот на Град Скопје, Националното здружение ги информира своите членови за рокот за аплицирање и потребната документација која треба да ја достават до Здружението.
Документите се доставуваат скенирани на меил адреса: jsp@msmakedonija.eu.org.
Бидејќи користењето на оваа поволност е со персонализирани картички кои ги издава ЈСП Скопје, потребно е членот – корисник кој првпат го остварува ова право да достави: лична карта; документ за статусот, односно еден од овие документи – чек од пензија за последниот месец, потврда за работен однос или потврда за невработеност, индекс; лекарска потврда за дијагнозата (отпусно писмо, лекарски извештај) и да има подмирено годишна членарина.
За лицата кои претходно ја имаат користено оваа поволност, потребно е: лична карта;
документ за статусот: чек од пензија за последниот месец, потврда за работен однос или потврда за невработеност, индекс и и да има подмирено годишна членарина.
Националното здружение МС ги покрива трошоците за изработка на персонализираните кар тички за користење на јавниот градски превоз за своите членови, а воедно ја пружа и потребната логистичка поддршка од моментот на аплицирање за користење на поволноста, па до издавање на картичката за секој поединечен корисник.