Соработка на Националното здружение на МС со Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје

Почитувани,
На наше огромно задоволство ви ја обзнануваме новата соработка на Националното здружение на МС со Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје.
Во што се состои соработката?
За членовите на Националното здружение за МС, Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје, организира две бесплатни проби на новото одело за невромодулација Exopulse Mollii.
Што е Exopulse Mollii Suit и за кого е наменето?
Оделото е наменето за лица со мултипла склероза, церебрална парализа, мозочен удар и повреда на ‘рбетниот мозок. Има 58 вградени електроди кои стимулираат 40 групи на мускули. Со стискање на само едно копче, им овозможува на корисниците да ги контролираат симптомите на згрчени и затегнати мускули и да ја подобрат моториката и мобилноста.
Детално за Exopulse Mollii Suit дознајте тука.
Како можам да договорам и закажам термин за пробување на оделото Exopulse Mollii?
Едноставно, јавете се и закажете термин на телефонскиот број: 075 385 221.
Со почит,
Тимот на Националното здружение за МС
За Националното здружение за МС
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platform, EMSP), полноправна членка на Светската алијанса на пациенти (анг. World Patient Alliance) и асоцијативна членка на Алијансата на пациентски организации (АПО).
Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.
Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.
Повеќе за здружението на следниов линк. https://msmakedonija.eu.org/za-nas/.