Што е тремор?

Што се затресува?
Aко имате МС одговорот најверојатно ќе биде, барем еден дел од вашето тело. Тремор означува неконтролирано, ритмичко движење како тресење или грчење. Тоа е симптом со кој се соочуваат дури 75 проценти од лицата со МС.
Kај некои треморот претставува занемарлива непријатност, додека кај други може да биде сериозен предизвик. Оние лица со тешка форма на тремор (до 6 проценти од сите лица со МС) може да имаат потреба од третман за да го намалат влијанието врз секојдневниот живот.
Што предизвикува тремор кај лицата со МС?
МС предизвикува погрешно испраќање сигнали од мозокот до различни делови од телото.
Кога станува збор за мускулите сигналите кои ги испраќа мозокот може да бидат збунувачки (благодарение на демиелинизацијата) што резултира со наизменично опуштање и грчење на одредени мускулни групи. Ова предизвикува ритмички движења карактеристични за треморот.
4 типа на тремор кај МС
Постојат четири главни типа на тремор предизвикани од МС:
Намерен (интенционален) тремор
Се случува по непречено, глатко движење на раката или ногата. Лицето кое се соочува со ваков тип тремор може да посегне по шолја кафе, а раката почнува да се тресе кога ќе ја фати рачката.
Постурален тремор (тремор во зависност од положбата)
Кога лице со овој тим на тремор станува или седнува движењето со кое се извршува задачата доведува до „антигравитациско“ тресење.
Нистагмичен тремор
Овој тип на тремор ги зафаќа очните капаци и предизвикува неконтролирано грчење.
Тремор во мирување
Едноставно кажано ова се случува кога вашето тело е во мирување. Овој тип на тремор е карактеристичен за Паркинсоновата болест, но може да се појави и кај лица со МС.
Ново истражување за мерење на треморот
Од голема клиничка важност е ако треморот има потреба да се третира да може да се измери степенот на сериозност. Сепак, тоа е тешко изводливо. Клиничкото набљудување и исказот на пациентот најчесто се единствениот начин да се процени овој синдром.
Едноставното сведочење на пациентот не дава мерливи податоци. Може да се побара од пациентот да црта спирали, да држи чаша вода или да напише нешто кога е зафатен од тремор, но ова единствено докажува дека треморот е симптом. Нити еден од овие методи не дава објективни и сериозни податоци.
Мерливоста на сериозноста на треморот кај лицата со МС може да доведе до истражувања за соодветни терапии кои можат да го намалат или потенцијално да го елиминираат овој симптом на попреченост.
Во моментов третманите за тремор се ограничени на неколку неодобрени лекарства и употреба на тегови на екстремитетите со што мускулите се спротивставуваат на движењето предизвикано од тремор. Експерименталните опции вклучуваат длабока стимулација на мозокот, алкохол и THC (Tetrahydrocannabinol).
Постојат некои алатки за мерење како што се сензори кои вклучуваат акцелерометрија. Овие сензори ги собираат објективните податоци за амплитудата, фреквенцијата и појавата на активност на треморот. Сепак овие алатки не се лесно достапни и повеќето не се научно докажани.
Друга алатка е инерцијалниот сензор (inertial sensor). Сепак и неговата примена е ограничена затоа што при собирање на податоци тешко може да се каже дали се работи за тремор или не, а собраните податоци е многу тешко да се протолкуваат.
Поголем недостаток во употребата на овој сензор е тоа што се користи за мерење на највообичаениот тип на тремор карактеристичен за Паркинсоновата болест и не е тестиран за мерење на сите форми на тремор поврзани со МС.
Електромагнетно следење на движењата
Истражувањето објавено во списанието „Journal of Neuroscience Methods“ ја нагласува можноста за употреба на електромагнетен сензор за следење наречен „TREMBAL“ кој може да се користи за мерење и оценување на активноста на тремор кај лицата со МС.
Овој уред се носи на показалецот и го мери електромагнетното движење користејќи четири различни видови сензори. Предноста кај уредот е тоа што е насочен и при неговата употреба се избегнува собирањето податоци од случајни дразби.
Со TREMBAL пациентот е поврзан со сензор, потоа изработува пет вежби од по 20 секунди, а сензорот ги снима податоците за движењата.
Ако овој сензор може соодветно да го сними треморот тој исто така може адекватно да го карактеризира, а собраните податоци може да помогнат во изготвување на протоколите за третман на лицата со тешка активност на тремор. Бидете во тек со развојот на технологијата.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.