Филмот „Роденденски подарок“ добитник на најпрестижна филмска награда

Скопје, 11. август 2020 г.
Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, ве информира дека краткометражнот филм „Роденденски подарок“ е добитник на најпрестижната награда „Best of show“ на еден од светските фестивали за краткометражни филмови.
Ова огромно достигнување на престижниот интернационален филмски фестивал, како што е WRPN.TV Short, Tight and Loose global film festival competition (WSTL), претставува наша голема радост и задоволство, бидејќи покрај големата конкуренција и бараните и исполнети високи критериуми за учество, нашиот квалитет беше препознаен од страна на ваков реномиран ентитет во филмскиот свет.
Оваа награда претставува потврда за нашите заложби и вложен труд, која најмногу од сè ни дава дополнителен мотив за остварување на поголеми достигнувања во иднина, на секое поле, во интерес на лицата со мултипла склероза.
Повеќе за филмот „Роденденски подарок“ прочитајте тука.
Што го прави овој фестивал уникатен?
- Основачите на WSTL се регистрирани членови на Комитетот за Универзална филмска и фестивалска организација (UFFO.ORG), меѓународна непрофитна организација со седиште во САД, основана за поддршка / спроведување на најдобрите деловни практики за филмски фестивали;
- Сите официјални селекции / победници би можеле да имаат опција да ги „изложат своите кратки трудови“ исклучиво на мрежата за забава WRPN.TV (наскоро канал ROKU) веднаш до интервјуата со славни личности во Холивуд;
- Постојат и можности за други награди, како што се: награди за извонредност, награди за заслуги и СУБ-КАТЕГОРИСКИ НАГРАДИ, како што се најдобрата кинематографија, оригинална тематска песна, сценарио, концептна креативност / оригиналност, режија, специјални ефекти, истражување, главен/а актер / актерка, најдобар спореден/а актер / актерка, итн.
- Било кој јазик се прифаќа, било со синхронизација на англиски јазик или со англиски превод.
- Се прифаќа секој жанр.
ЗА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МС
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Од 7. мај 2020 година, Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platfrom, EMSP).
Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.
Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.