Дали постои поврзаност помеѓу мултиплa склероза и епилепсија?

Епилептичните напади се почести кај лицата кои имаат мултиплa склероза (МС) отколку кај оние кои ја немаат; се проценува дека помалку од 3% од лицата без МС имаат напади, додека околу 2 до 5% од лицата со МС имаат активни напади.
Зошто овие напади се јавуваат почесто кај лицата со МС наспроти оние без МС не е целосно разбрана. Се претпоставува дека лезиите во одредени области на мозокот кај МС може да ги предизвикаат овие напади. Сепак, лезиите се многу чести кај МС, а нападите се невообичаени, така што веројатно има и други фактори кои играат улога во нападите.
Некогаш, иако ретко, епилепичен напад може да биде прв забележителен знак на МС пред да се постави дијагнозата. Нападите исто така може да се појават за време на појава на симптоми на МС. Во некои случаи, нападите може да бидат единствениот знак за МС. Но, поголемиот дел од нападите се случуваат неповрзани со релапсите кај МС, а појавата на напади пред дијагностицирањето на МС може да бидат случајни.
Повеќето напади може да се контролираат со лекови за третман на епилепсија.
Подолу се прикажани чекори како му се помогне на лице со епилептичен напад независно дали има или нема МС.
- Ставете мек предмет под главата (џемпер, јакна..) или перница (поради тресење или неволни движења на главата со кои може да дојде до повреда). Отстранете ги (предметите) доколку лицето држи нешто во раце, доколку носи ланче, алка, висечки обетки, пирсови, капа, шал, шноли.
- Ослободете (олабавете) го лицето доколку носи тесна облека: ремен, штикли, топуци, корсет, тесна јакна.
- Легнете го лицето настрана, на бок, најдобро со подлога одоздола на која ќе легне: доколку е надвор на трева, во дом на кревет, во кола на седиште. Важно е местото каде е легнато лицето да не е тврдо, мермер, железо, боцкаво… положба како што е прикажано на сликата. Отстранете ги сите предмети во околина, доколку има: остри предмети, железо, стакло, дрво, стол, маса, греда, цигли… Кренете го веднаш ако се наоѓа до/во вода, ако е на скали, на високо, до шпорет, печка, оган, мермерен под, фонтана, семафор за да се избегне повреда при тресење или неволни движења.
- Измерете го времетраењето на нападот со часовник или стоперица. Ако нападот трае повеќе од 5 минути (без оглед за кој тип епилептичен напад се работи) потребна е итна медицинска интервенција.
- Не ставајте му ништо во уста (никаков предмет, прсти, пијалок, храна и не дозволувајте му да земе нешто) за време на нападот сѐ додека не дојде во нормална состојба и сам не побара да пие или јаде. Не мијте го и не прскајте го со вода, ракија. Не масирајте го лицето, ниту тресете, галете, стискате или удирате шамари. Тоа нема да го сопре нападот само може да го влоши.
- Погледнете дали има или носи со себе ознака, документ дека боледува од епилепсија, ако не ја знаете здравствената состојба на лицето.
- Не задржувајте го со раце, стискајќи го да престане тресењето или неволните движења (затоа што по завршување на нападот пациентот ќе има силни болки на тие места по телото, кои можат да траат со денови)
- Приказ на слика кога нападот завршува но не и враќањето во целосна свест. Не е пожелно да се зборува, затоа што свеста сѐ уште не е целосна (звуците, зборувањето кое го слуша е како под вода). Сѐ додека пациентот не почне сам нормално да зборува и да застане на нозе, лицето не е целосно вратено во свесна состојба, без оглед дали бил во свесна, полусвесна или во состојба на целосно губење на свеста. Тоа може да трае 20 минути до 1 час зависно од типот на нападот. По завршувањето на нападот може да следи мала сенилност и успореност во мисловниот процес и можен сон кој може да трае 5, 10, 15, 1 час, 2, 3 часа и повеќе во зависност од исцрпеноста на пациентот од нападот. По 10 до 15-20 минути по завршување на нападот лицето може да јаде или пие, но не е пожелно да се зборува со него, поради конфузност.
- Останатата помош се очевидци (лицата кои се затекнале за време на нападот) ако повеќе луѓе биле присутни за време на нападот на пациентот.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.