Релапс кај мултипла склероза
Егзацербација, релапс, рецидив, напад: сите овие се имиња за иста работа во однос на мултипла склероза (МС). Општата дефиниција на оваа состојба е појава на нови или влошување на старите невролошки симптоми кои траат повеќе од 24 часа и се одвиваат најмалку 30 дена. Иако ова може да биде вообичаена појава за лицата со мултипла склероза, не секој навистина разбира што се случува во овој период. Разбирањето на она што се случува за време на релапс е клучно за лицата со МС. Имајќи го тоа предвид, ќе дадаме се од себе за да помогнеме да го објасниме тоа на наједноставен начин.
Што се случува со телото за време на релапс кај МС?
За време на еден од овие моменти, болеста предизвикува вашиот сопствен имунолошки систем да го нападне вашето тело. Поточно, вашиот имунолошки систем започнува да го напаѓа вашиот централен нервен систем по сопствен избор. Воспаление (предизвикано од разни имунолошки клетки го оштетува миелинот, масна супстанца која ги обвиткува и помага во изолација на нервните клетки. Овој изолациски слој осигурува дека нашите нерви правилно ги спроведуваат електричните сигнали што нашиот мозок ги испраќа до другите делови на нашето тело (помислете на тоа како пластична обвивка на електрична жица). Кога овој слој е оштетен, тие сигнали не се движат доволно брзо или воопшто, и тогаш започнуваат да се појавуваат првите симптоми. Не можете да ја кренете ногата доволно брзо или воопшто? Миелинот на нервот помеѓу мозокот и ногата е компромитиран и сигналот не патува толку ефикасно и како што треба. Нашиот имунолошки систем не само што го оштетува миелинот, туку ги оштетува и клетките одговорни за истиот повторно да се создаде.
Кога напаѓа имунолошкиот систем?
Овие моменти што ги нарекуваме релапси (или кој било термин што ви се допаѓа) се кога имунолошкиот систем го прави својот напад. Кога имунолошкиот систем ќе создаде воспалителен процес централниот нервен систем со самото тоа му штети на миелинот. Ова воспаление не само што ја оштетува заштитната обвивка, туку има и ефект врз оние сигнали што патуваат низ тој дел од централниот нервен систем. Ние користиме кортикостероиди за борба против релапсите, бидејќи тие помагаат да се намали ова воспаление.
Кога ќе заврши релапсот: кои се последиците?
Кога релапсот ќе заврши, оштетените области на миелинот развиваат ткиво налик на лузна (тоа е местото од каде што го добиваме терминот склероза кај мултипла склероза, остануваме со повеќе лузни; овие лузни се нарекуваат и плаки или лезии). Откако сето тоа воспаление ќе исчезне или значително се намали, миелинот може да се регенерира/поврати, но никогаш целосно или доволно силно поради лузните и поради тоа што клетките се оштетени. Овa обновување, заедно со намалувањето на воспалението е причината зошто луѓето може да изгледаат дека се опоравени по релапсот. Тие дури може да изгледаат како да се во потполност опоравени. Затоа луѓето често го користат терминот „релапс“, затоа што се чини дека се подобруваат или се враќаат на начинот на којшто биле пред тоа. Ова е процес кој е исклучително честа појава кај лицата дијагностицирани со релапсно-ремитентен облик на болеста. Како и да е, колку повеќе релапси имате, толку повеќе вашата способност за опоравување е отежната.
Со текот на времето настанува акумулација на оштетувањето
Колку повеќе лузни имате, толку повеќе клетки кои помагаат во обнова на миелинот се оштетени, а исто така постои помала веројатност да се опоравите. Претходно можеби оштетениот нерв сè уште можел да добие сигнал на мозокот, дури и да не е најефикасно (освен ако надворешното влијание привремено не предизвика проблем). Како и да е, со текот на времето се јавува поголема штета, можноста тој нерв да ја заврши својата работа, без оглед на ситуацијата, станува компромитиран. Во основа, тоа е објаснувањето како со текот на времето на луѓето со МС може да им се влоши состојбата. Затоа лекарите се обидуваат не само да ја скратат должината на релапсите со помош на кортикостероиди, туку да го минимизираат вкупниот број на релапсите (фреквенцијата на појавување) со лекови кои ја модифицираат болеста.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.