Мултипла склероза и контрола на мочниот меур

Мултиплата склероза (МС) ги оштетува нервите кои испраќаат пораки до мускулите и на тој начин ја отежнува контролата врз истите. Тука спаѓаат и оние мускули кои се поврзани со мочниот меур.
Проблеми со контрола на мочниот меур е честа појава кај лицата со мултипла склероза. Но тоа не мора да го ограничи и намали квалитетот на живот на пациентите со МС. Со избор на вистински пристап, лицата со МС можат успешно да се справат со овие проблеми.
Видови проблеми со контролата на мочниот меур:
- Уринарна итност значи дека пациентите чувствуваат потреба за често и итно мокрење. Мала „дразба“ и чувството на притисок кои им помагаат на пациентите да знаат дека е време да се упатат кон тоалетот се интензивни,
- Инконтиненција е губење на контролата врз мочниот меур. Понекогаш MС ќе ги наруши нервните сигнали до таа мера што го насочуваат движењето на урината, така што пациентите ќе се измократ и кога не се подготвени,
- Ноктурија е потреба за често мокрење во текот на ноќта,
- Уринарно колебање е кога имате проблем да започнете со мокрење.
Третмани за контрола на мочниот меур кај МС
Проблемот со мочниот меур е повеќе од непријатен. Ако не се лекува, може да предизвика и други здравствени проблеми, вклучувајќи инфекции на мочниот меур, оштетување на бубрезите и друго. Исто така, може да спречи изведување на работите кои нормално ги прават лицата со МС и да придонесе да се чувствуваат изолирани.
Затоа потребно е пациентите да разговараат со нивниот лекар доколку забележат било какви промени по однос на динамиката, кога и колку често одат во тоалет. Може да се упатат на невролог или кај доктор специјалист за проблеми со мочниот меур, наречен уролог. Можеби урологот ќе препорача некои работи кои лицата сами можат да ги направат:
Соодветен начин на исхрана. Еден начин е да се контролира внесот на течности во текот нај денот. Докторот може да препорача:
- Да се ограничи внесот на течности на не повеќе од половина литар течност на ден,
- Да се контролира внесот на пијалоци кои содржат кофеин, како на пр. кафе, чај и соја,
- Да не се внесува повеќе од еден алкохолен пијалок на ден.
Некои работи кои можат да бидат корисни:
Вежбите на мочниот меур имаат за цел да овозможат да се продолжи времето помеѓу две одења во тоалет. Треба да се вежба воздржување од одење во тоалет при првата потреба за тоа. Исто така, корисно е да се обидуваат да ги зголемуваат времињата помеѓу две одења во тоалет на неколку часа.
Мокрење по распоред им помага на луѓето кои имаат состојба која им го отежнува навременото стигнување до тоалетот, поради телесниот инвалидитет. Лицето следи распоред по кој го посетува тоалетот на одредено време, обично 1,5 – 2 часа. Овој метод не се обидува да го научи лицето да се спротивстави на нагонот ургентно да оди во тоалет, туку редовно да се измокрува.
Поттикнување од страна на негувателот на лицето со МС да посети тоалет. Целта е да се избегнат незгоди така што лицето ќе мокри почесто.
Вежбите на Кегел ги зајакнуваат карличните мускули, кои помагаат во контрола на мочниот меур. Докторот може да препорача и покаже како да се изведуваат.
Абсорбирачки производи, како што се мини-штитови кои се приврзуваат на долната облека или пелени. Овие производи помагаат да се заштитат лицата од незгоди. Повеќето од нив се за еднократна употреба, но исто така можат да се купат и абсорбирачки крпи кои можат да се исперат и да се користат повторно.
Ако промените во однесувањето не помагаат, докторот може да препише и користење на лекови кои ќе помогнат да се унапреди контролата врз мочниот меур. Лековите може да се користат во исто време и со применување на горенаведените мерки. Овие лекови помагаат во контрола на движењата на мускулите на мочниот меур.
Механички помагала кои можат да се користат:
- Катетри: здравствен работник може да ја постави тенка, флексибилна, шуплива цевка низ уретрата, која има функција да ја исфрли урината од мочниот меур,
- Надворешна уретрална бариера: самолеплива лепенка која може да се стави врз отворот од каде излегува урината,
- Хирургија. доколку другите третмани не дале резултат, докторите како последна опција може да препорачаат хируршка интервенција.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.