Дали на мажите и на жените треба да им се препишуваат различни лекови?

Постојат голем број биолошки разлики меѓу половите кои влијаат на апсорпцијата на лекови. На пример, просечен маж тежи 78 килограми, висок 1,76 метри и неговото тело содржи околу 42% вода. За разлика од него, просечната жена тежи 68 килограми, високa e 1,62 метри и нејзиното тело содржи 29% вода. Просечната телесна површина на маж изнесува 18.000 cm 2 , што е за околу 2000 cm 2 повеќе од просечната телесна површина на жената.
Zoldpiem е еден од најчесто употребуваните лекови за несоница и замор. Администрацијата за храна и лекови (анг. FDA) во САД го одобри лекот во 1992 година, но десет години подоцна се појавија првите извештаи кои укажуваат на загрижувачки несакани ефекти кај жените. Многу од нив се пожалиле дека по земање на лекот, следниот ден не можеле да се сетат што работеле. Исто така, се покажало дека некои жени откако вечерва земале zoldpiem следното утро предизвикале сообраќајна несреќа.
Истрагата подоцна откри дека жените почесто имаат проблеми со несакани ефекти од мажите по употреба на овој лек, па затоа во 2013 година FDAго потврди проблемот: препишаната доза на zoldpiem била за два пати поголемакај жените отколку што требало да биде. Научниците открија дека жените значително побавно го метаболизираат лекот од мажите, а како последица е појава на мамурлак после будење, жениете се неконцентрирани и збунети. Затоа, FDA издаде препорака за употреба на лекот во различни дози кај жените и кајмажите.
Различни реакции на лекови
Знаењата добиени во текот на последните 30 години покажаа дека мажите и жените различно реагираат на исти лекови и терапии. Спектарот на овие разлики е многу широк, на пример, кај жените ефектот од анестезија може да биде побрз. Во исто време, тие почесто страдаат од несакани ефекти од анестезијата како што се главоболка и гадење. Понатаму, кај жените повисок е ризикот за отфрлање на пресадено срце за разлика од кај од мажите, а една од причините е тоа што во женското тело побрзо се метаболизираат лековите против отфрлање на пресаден орган. Лековите за смирување на база на морфиум се ефикасни за жените, но не и за мажите. Од друга страна, ибупрофен, аналгетик, е поефикасен кај мажите отколку кај жените. При користење на антихистаминик, антибиотици, стероиди и антидепресиви, жените имаат многу повеќе несакани ефекти. И аспиринот, еден од најпопуларните лекови во светот, не делува на ист начин кај мажите и кај жените. Во едно истражување за аспирин кај група испитаници од двата пола, научниците, пред неколку години, забележале дека лекот е ефикасен кај жените и кај мажите, но на поинаков начин – аспиринот кај жените го намалува ризикот од мозочен удар, а кај мажите ризикот од инфаркт.
Дали половите се поинаку склони на болести?
Еден пример за ова е Алцхајмеровата болест. Две третини од болните се жени. Во минатото се сметало дека причината за ова е фактот дека жените живеат подолго од мажите, но неодамнешните студии укажуваат на улогата на естрогенот и менопаузата како склоност за развој на Алцхајмерова болест.
Жените имаат посилен имунолошки систем, и затоа подобро се справуваат со инфекции. Научниците од Универзитетот Queen Mary во Лондон во 2011 година открија дека имунолошкиот систем на жената може да надмине цела низа на инфекции многу побрзо и поефикасно отколку машкиот имунолошки систем. Ова делумно го објаснува фактот зошто мажите потешко се справуваат со настинка и грип од жените, и фактот дека жените се повеќе подложни на автоимуни заболувања како што се ревматоиден артритис и мултипла склероза. Истражувањата покажуваат дека жените имаат помал праг на болка, или подобро разликуваат болни дразби, т.е. почувствителни се од мажите.
Разлики пред раѓањето
„Жените и мажите се разликуваат во скоро секој орган од телото, вклучувајќи ги мозокот, срцето, абдоминалните органи, па дури и кожата. Затоа, на еден сосема поинаков начин реагираат на ист лек“ – изјавила д-р Marianne Legato, пензиониран професор на Универзитетот Колумбија во САД и еден од лидерите на т.н. пол медицина. Важно е да се истакне дека и полот и родот имаат различни значења, иако тие се тесно поврзани. Полот се однесува на биолошките разлики помеѓу мажите и жените, а родот се однесува на идентитетот на едно лице по форма, биологија и социјална средина. Родовата медицина вклучува иго зема предвид влијанието на животната средина врз женското здравје.[Marianne Legato 1992] „Половите разлики кај здравјето се резултат на разликите во генетската структура, хормоните, влијанието на животната средина врз нашите гени и социјалните фактори“ – изјавилa проф. Alexandra Kautzky-Willer, Раководителка на Одделението за родова медицина при Медицинскиот универзитет во Виена. Разликите меѓу половите почнуваат дури и пред раѓањето;како влијанието на машките и женските полови хормони, тестостерон и естроген, во развој на органите. „Жените се изложени на постојани флуктуации на хормоните во текот на секој период од својот живот, која е важна разлика во споредба со мажите и ова има последици врз нејзиното здравје“– изјавила А. Kautzky-Willer.
Влијанието на женските хормони во зависност од периодто од менструалниот циклус
Ова се рефлектира врздејството на голем број лекови. На пример, жените кои страдаат од епилепсија се изложени на поголем ризик од епилептичен напад на почетокот на менструалниот циклус.
Дали ни се потребни посебни клинички испитувања за жените?
Иако денес жените во просек трошат 20 до 30 проценти повеќе лекови од мажите, пред дваесетина години многу лекови никогаш не биле тестирани кај жените, бидејќи во клиничките испитувања главно биле вклучени мажи. Но откако научниците постепено станувале свесни за влијанието на полот врз дејството на лекови, поголема е инклузивноста на жените во клиничките испитувања. Неодамна Администрацијата за храна и лековииз дала препорака во клиничките испитувања да се вклучуваат подеднакво и жени.
Експeртите по родова медицина укажуваат дека при секое клиничко испитување треба да се собираат податоци посебно за жените, посебно за мажите. Проблемот е во тоа што, овој тип на клинички испитувања ќе чинат многу поскапо поради хормоналните флуктуации кај жените, бидејќи одговорот на лекот кај секоја жена треба да се испита неколку пати во тек на менструалниот циклус.
„Без оглед на трошоците, постои морална обврска да се спроведуваат клинички испитувања и кај жените и кај мажите. При размислувања за потенцијална цена на лек, клиничките студии треба да ги земат предвид трошоците кои може да се јават во случај кога лекот е повлечен од пазарот, бидејќи кај жените имал штетно влијание, а претходно биле потроши милијарди долари за развој лекот“ – изјавил д-р Alyson McGregor од Универзитетот Браун.