МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Резултати од спроведената анкета за задоволство од досега сработеното на здружението

Homepage Новости Резултати од спроведената анкета за задоволство од досега сработеното на здружението

Резултати од спроведената анкета за задоволство од досега сработеното на здружението

msmakedonija
февруари 8, 2021
Новости

Националното здружение за МС информира дека на почетокот на февруари оваа година до сите членови на здружението со регистрирана емаил адреса достави кратка анкета. Целта на анкетата беше да го испитаме задоволството на членовите на здружението и да ги утврдиме новите и актуелни потреби на сите кои ни ја подариле својата доверба и пристапиле кон здружението.

Анкетата беше отворена за одговарање 5 дена, при што на поставените прашања свои одговори дадоа 69 лица, од кои 84,1% се изјаснија дека се целосно задоволни од досегашната работа на Националното здружение, 13% се делумно задоволни, само 2,9% се делумно незадоволни и ниту еден не се изјаснил дека не е задоволен/на.

Ваквата статистика повеќе од доволно говори дека Националното здружение за МС е на вистинскиот пат и својата работа ја извршува и развива во интерес на пациентите и нивните семејства.

На конкретно поставените прашања повеќето испитаници наведоа дека се задоволни од навремено достапните информации за работата, презентацијата на навремени и корисни информации што ги засегаат лицата со МС, поволности (бесплатни патарини, слободни карти за градски превоз) и попусти, информирмации за заштита во услови на пандемија, посветеноста, професионалноста и брзите одговори, понатаму соработката со физиотерапевт, корисните совети и прирачници и секако повеќето упатија позитивни зборови за прихолошката помош и поддршка која имаат можност да ја користат бесплатно.

На прашањето да се посочи барем една работа/активност од која не се задоволни, најголем дел од анкетираните одговорија дека сѐ е во ред, а секако добивме и конструктивни предлози (на пр. средби низ градовите низ републиката, достапност на терапии во градот на живеење, поголема контактибилност на лекарите со пациенти итн.), кои ќе бидат земени предвид во изготвување на планот за активности за 2021 година. Секако тимот на Националното здружение за МС ќе ги согледа можностите да ги превземе сите потребни работи за задоволување на посочените потреби.

Тимот на Националното здружение за МС неуморно ќе продолжи со својата работа, со цел да ги задоволи потребите и барањата на своите членови, да ги подобри досегашните активности и секако да им овозможи нови пристапи, услуги и подобри можности во насока на подобрување на квалитетот на животот на лицата со мултипла склероза и нивните семејства.

Ви благодариме на сите што земавте учество во анкетата.

Не заборавајте, ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!!!

ЗА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МС

Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Од 7. мај 2020 година, Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platfrom, EMSP) и на Светската алијанса на пациенти (World Patient Аlliance).

Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.

Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

 

Previous Story
Јога за оптимално здравје на лицата со МС – нова воспоставена соработка
Next Story
Виртуелен МС Советник

Најнови објави

  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
  • Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна исхраната кај лицата со МС, дали игра улога и како може да помогне?

    Welcome back,