МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Виртуелен МС Советник

Homepage Новости Виртуелен МС Советник

Виртуелен МС Советник

msmakedonija
февруари 8, 2021
Новости

Националното здружение за МС кон крајот на минатата година започна со спроведување на проект насловен „Виртуелен МС советник“.

Во текот на ноември лицата со мултипла склероза (МС), нивните негуватели и други заинтересирани лица имаа можност да поставуваат прашања по однос на сето она што ги интересира околу мултиплата склероза до високостручни лица (невролог, психолог, физиотерапевт, нутриционист), во состав:

  • науч. сор. д-р Иван Барбов
  • науч. сор. д-р Игор Кузмановски
  • науч. сор. д-р Николина Тановска
  • асс. д-р Бојан Бошковски
  • асс. д-р Слободанка Бурнеска Саздова
  • дипл. мед. сестра Јасминка Коруноска
  • лиценциран психолог Наташа Митровска
  • физиотерапевт Илија Жежов
  • сертифициран нутриционист консултант Цвета Динева

На наше изненадување интересот беше забележително поголем од очекуваното и беа поставени дури и поголем број на прашања од тие што беа во план да бидат одговорени. На адресата на Националното здружение за МС пристигнаа повеќе од 100-тина прашања, секако имавме многу работа во избор и селектирање на најважните теми и веруваме дека ќе ги добиете сите потребни одговори и проектот ќе ги исполни вашите очекувања.

Од пристигнатите прашања, селектиравме вкупно 74, од кои една третина беа поставени од лица кои не се членови на Националното здружение за МС, но секако ние сме отворени за соработка и рамноправно ги вклучивме во проектот.

Во тек на декември, стручните лица даваа одговори на поставените прашања, се снимаше, монтираше и технички прилагодуваше снимениот материјал, така што почнувајќи од февруари 2021 година ќе започнеме со објавување на сите одговори на прашањата на YоuTube каналот на Националното здружение за МС.

Веруваме дека ќе понудиме квалитетен материјал, од кој ќе добиете корисни информаии и совети околу болеста со илјада лица, кои ќе ви помогнат во справување со предизвиците и ќе имаат позитивно влијание врз квалитетот на живот на пациентите со мултипла склероза и членовите на семејствата.

Следете нè!

ЗА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МС 

Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Од 7. мај 2020 година, Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platfrom, EMSP) и на Светската алијанса на пациенти (World Patient Аlliance).

Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.

Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

Tags: ms sovetnik
Previous Story
Резултати од спроведената анкета за задоволство од досега сработеното на здружението
Next Story
Националното здружение за МС потпиша Меморандум за разбирање и соработка со Longenesis

Најнови објави

  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
  • Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна исхраната кај лицата со МС, дали игра улога и како може да помогне?

    Welcome back,