МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Националното здружение за МС е полноправна членка на Европската МС Платформа

Homepage Новости Националното здружение за МС е полноправна членка на Европската МС Платформа

Националното здружение за МС е полноправна членка на Европската МС Платформа

msmakedonija
мај 7, 2020
Новости

Скопје, 7. мај 2020 година

Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС информира дека е дел од Европското семејство на пациентски организации кои се борат против мултиплата склероза. Од денес, нашето здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platfrom, EMSP).

Имено, на Генералното годишно собрание на EMSP кое се одржа на 7. мај годинава во присуство на претставници на сите земји членки на EMSP, Националното здружение за МС, едногласно, беше примено во Европското семејство на МС организации. Ова претставува уште една потврда дека здружението за МС е препознаено како сериозен правен субјект од страна на оваа влијателна Европска организација која ги обединува и претставува правата и потребите на лицата со мултипла склероза на ниво на цел европски континтинент.

Со зачленувањето на Националното здрушение за МС во Европската МС Платформа се оствари нашата заложба и визија. Горди сме и среќни бидејќи ова е потврда за нашиот квалитет и посветеност во работата изминатиот период. Но ова претставува и голем мотив и поттикт во иднина, здружението да дејствува многу посилно заедно со другите европски пациентски организации кои имаат долгогодишно искуство, долгорочна стратегија и успех во работата во оваа проблематика во интерес на пациентите со МС кај нас, изјави Ана Карајанова Димитрушева, претседателка на Националното здружение за МС.

За EMSP

EMSP е основана во 1989 година, во моментов членуваат 41 национално здружение за МС од 35 европски земји, а од денес побогато за уште три нови членки, една полноправна и две придружни.

Примарна цел на ЕМСП е континуирана посветеност кон крајната визија за свет без мултипла склероза. Интензивно работи со цел да биде слушнат гласот на лицата со мултипла склероза со цел остварување на нивните потреби и приоритетите преку:

  • кампањи за застапување и подигнување на свеста;
  • собирање и споделување на знаење и експертиза;
  • поттикнување на истражување и собирање податоци.

ЕМSP на своите членки им нуди глас на европско ниво, насоки и градење на капацитети. Taa е единствената организација за МС која може да влијае на здравството и другите политики во Европската Унија. Има историја на соработка со Европската комисија и Европскиот парламент, основачи се и членови на Европскиот форум на пациенти (анг. Еuropean Patient Forum) и пристап и можност за влијание врз одлуките на Европската агенција за лекови (анг. European Medicines Agency, ЕМА).

Повеќе за EMSP на следниов линк.

ЗА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МС

Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година.

Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.

Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

Повеќе за здружението на следниов линк.

Previous Story
Замор кај мултипла склероза
Next Story
„Роденденски подарок“ во официјална селекција на „Docs Without borders“

Најнови објави

  • МС Барометар 2020
  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    понеделник, 15, Мар
    МС Барометар 2020
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

    Welcome back,