МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

„Роденденски подарок“ во официјална селекција на „Docs Without borders“

Homepage Новости „Роденденски подарок“ во официјална селекција на „Docs Without borders“

„Роденденски подарок“ во официјална селекција на „Docs Without borders“

msmakedonija
мај 21, 2020
Новости

Скопје, 22. мај 2020 година

Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза соопштува дека краткометражниот филм насловен „Роденденски подарок“ е влезен во „официјална селекција“ на конкурсот за филмски фестивал „Docs Without borders“ (DWBFF).

Оваа наше првенче кое настана како резултат на одличната соработка помеѓу Националното здружение за МС и Факултетот за драмски уметности во Скопје, е препознаено како филм достоен да се натпреварува со останатите филмови ширум светот. „Официјална селекција“ значи дека филмот поминал низ првата фаза на проценка и продолжил во следнa трка за освојување на признание.

За филмот

Првиот краткометражен филм за мултипла склероза насловен „Роденденски подарок“ беше промовиран на 22. октомври 2019 година во Скопје. 

„Филмот прикажува и разработува исклучително чувствителна тема каде глумците, режисерите, сценаристите, камерманите, монтажерите и други несебично се внесоа и не штедејќи го својот потенцијал успеаја вешто да ја отсликаат реалноста и верно да ги доловат предизвиците со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза“, изјавила Ана Карајанова-Димитрушева, Претседателка на Националното здружение за МС за време на промоцијата.

Десет минутниот филм е снимен на локации во Скопје и е фокусиран на здравствените и социјалните аспекти прикажани низ призма на борбата на главната хероина Јасна со нејзината хронична болест од една страна и отсуството на емпатија од останатите од друга страна. Во приказната прикажан е животот на млада девојка, ликовен уметник, лице кое боледува од мултипла склероза. Таа и покрај тешкотиите кои ѝ ги задава болеста со крајни сили се труди да ја исполни задачата за која е ангажирана, храбро борејќи се со исцрпувачките симптоми како резултат на нејзината болест. Кулминација во самата приказна се лошите зборови упатени од страна на Зоран, кои храбро ги дочекува Јасна која истовремено се бори на два фронта – макотрпните симптоми на мултиплата склероза и нималку пријатните зборови на Зоран како работонарачател. Краткометражниот филм „Роденденски подарок“ има прекрасен расплет каде секој може да ја почувствува суровата реалност, гордоста, победата и покајувањето. 

Погледнете го филмот на YouTube каналот на здружението тука.

За филмскиот фестивал 

Филмскиот фестивал „Docs without borders“ (DWBFF) е фестивал посветен на документарците и документарни драми и е регистриран член на Universal Film & Festival Organization (UFFO.ORG). UFFO постои за „промовирање на најдобри деловни практики за филмски фестивали“. Ова гарантира дека филмовите ќе подлежат на фер и темелен процес на оценка.

Овој успех претставува огромна гордост, бидејќи квалитетот на краткометражниот филм „Роденденски подарок“ е воочен и потврден од страна на „Docs Without borders“ како престижен и реномиран филмски фестивал.

Previous Story
Националното здружение за МС е полноправна членка на Европската МС Платформа
Next Story
Светски ден на мултипла склероза, 30. мај  

Најнови објави

  • МС Барометар 2020
  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    понеделник, 15, Мар
    МС Барометар 2020
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

    Welcome back,