Замор кај мултипла склероза

Заморот е еден од најчестите, вознемирувачки симптоми што гo доживуваат луѓето со мултипла склероза (МС). За некои луѓе, тоа е најфрустрирачкиот симптом.
Заморот кај МС не само што е тешко да се дефинира, туку е невидлив симптом (со други зборови, другите не можат да го видат). Ова може да го отежне разбирањето или објаснувањето на другите кое многу веројатно ќе го толкуваат на погрешен начин. Честопати се опишува како тежок замор (слабост), општа слабост или недостаток на енергија, но може да се опише и како целосно исцрпување.
Реалноста е дека секоја дефиниција е точна затоа што искуството е субјективно и секој различно го доживува заморот кај МС.
За да дознаете повеќе за заморот кај MС, преземете го упатството Fatigue: an invisible symptom of MS. Овој водич изобилува со совети за управување со заморот кај МС, вклучувајќи вежби кои можете да ги направите дома, како и дневник за замор.
Што предизвикува замор кај МС?
Причините за замор кај МС сè уште не се добро разбрани. Се смета дека е резултат на низа различни фактори, делумно предизвикани од самата МС (позната како примарен замор) и делумно од други фактори (секундарен замор).
Примарен замор кај МС се должи на промените во мозокот и оштетувањето на централниот нервен систем. Штетата влијае на нервите со прекинување на пораките од мозокот и ‘рбетниот мозок до остатокот од телото. Како резултат на тоа, вашето тело треба повеќе да работи за да функционира, што може да доведе до зголемување на заморот кај МС. Слабоста на мускулите и когнитивните нарушувања исто така се под влијание на промените во мозокот, така што и тие користат повеќе енергија кое може да доведе до замор кај МС.
Секундарниот замор на МС се јавува како резултат на живеењето со МС. На пример, симптомите на МС, како што се депресија, болка или нарушување на спиењето од спазми или инконтиненција, можат да го влошат заморот кај МС. Заморот кај МС, исто така, може да се појави како несакан ефект на некои лекови или од неактивност, стрес, лоша исхрана или инфекција. И други медицински состојби исто така може да предизвикаат или да го влошат заморот кај МС.
Како заморот кај МС се разликува од обичниот замор?
Заморот кај МС е повеќе од заморот што секој го чувствува по напор или недостаток од добар ноќен сон. Овој вид на замор сепак може да влијае на вас, но заморот кај МС го надминува тоа.
Заморот кај МС може да биде физички и ментален; може да ви ја одземе енергијата за момент и да ве спречи да ги завршите планираните задачи. Заморот кај МС може да биде екстремно ослабувачки и за разлика од „обичниот“ замор, може да бара подолго време за опоравување.
Заморот кај МС често е преголем. Може да се случи во кое било време без предупредување или без некоја причина. Некои лица со МС велат дека доживуваат замор по наједноставни активности како што се пишување или читање и веднаш имаат потреба за одмор.
Други велат дека заморот кај МС се случува после физички напор, како на пример водење на кучето на прошетка или одење на шопинг. За другите, заморот кај МС може да се случи по когнитивниот напор, како што е работа на компјутер и завршување на ментално тешки задачи. Може да доживеете и замор кога ќе се разбудите, во некои случаи секој ден, дури и после добар ноќен сон.
Како да се опише заморот кај МС на другите луѓе
Може да биде комплицирано да се опише вашиот заморот кај MС на пријателите, семејството, колегите и здравствените работници, но помагањето на другите да разберат може да го направи вашиот секојдневен живот со замор како резултат на вашата МС помалку фрустрирачки.
Понекогаш пријателите и семејството може да ги забележат ефектите од замор. На пример, роднината може да забележи дека вие потешко и побавно одите или можеби ќе забележат дека по завршувањето на одредени задачи станувате побавни во комуникацијата. Гледањето на ефектите од замор кај МС може да им помогне на оние околу вас да ви понудат помош и поддршка.
Има моменти кога вашиот замор не е очигледен за другите, затоа што тоа е „невидлив“ симптом. Користењето аналогии или метафори за да се опише заморот кај МС може да им помогне на пријателите, семејството и колегите да го разберат и да се однесуваат според она што го доживувате.
Извор: https://www.msif.org/about-ms/symptoms-of-ms/fatigue/
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.