MS Nurse PRO

MS Nurse Professional е акредитирана алатка за обука преку интернет која има за цел да ги консолидира стандардите за медицинска нега на медицинските сестри низ цела Европа.
Над 7.000 медицински сестри за мултипла склероза (МС) се запишале на обуката MS Nurse Pro помеѓу 2012 и јануари 2019 година.
Нов модул за обука
Во моментов, MS Nurse Pro се состои од 6 акредитирани модули за обука преку интернет со докажана ефикасност за подобрување на специјализацијата на медицински сестри за МС:
- разбирање на МС
- клиничка презентација
- дијагноза и проценка
- третман
- нега и поддршка
- рехабилитација
Избор на повеќе јазици
Модулите за обука се достапни на 11 јазици: англиски, шпански, француски, германски, италијански, чешки, полски, холандски, норвешки, грчки и романски јазик.
Проширување
MS Nurse PRO постојано го развива и подобрува своето достигнување со натамошни национални новитети планирани за следните години.
Поддршка
Овој проект е воден од Европската платформа за мултипла склероза (анг. European MS Platform, EMSP) во соработка со Меѓународната организација на медицински сестри за мултипла склероза (IOMSN) и рехабилитација во МС (RIMS). Колективно, оваа група е позната како Multiple Sclerosis-Nurse Empowering EDucation (MS-NEED).
Медицинските сестри имаат интегрална улога во обезбедувањето поддршка и совети за секојдневните проблеми на лицата со МС, координираат и имаат колаборативен пристап кон менаџирањето. Како и да е, додека одговорностите на медицинската сестра секојдневно се зголемуваат, наодите од најголемото истражување на медицински сестри низ цела Европа MS-NEED: European Survey (2010), истакна дека постојат значителни разлики во обезбедувањето и квалитетот на услугата што ги даваат МС медицинските сестри. Затоа, има потреба не само да се подигне свеста за улогата на медицинската сестра, туку и да се стандардизира нивната обука со цел да се поддржи нивната позиција во управувањето со МС и да се оптимизира грижата за лицата со МС.
MС медицинска сестра професионалец
Мисијата на MS Nurse Professional, развиена од студиската група MS-NEED, е:
- да се обезбеди модуларен, онлајн наставен план за поддршка на развојот на улогата на медицински сестри во Европа, во согласност со неодамна објавениот документ за консензус на медицински сестри, насловен „Moving Towards the Pan-European Unification and Recognition of MS Nurses”;
- да се зголеми компетентноста на медицинските сестри за MС со цел застапување на пациенти/семејства во здравствено образование, симптомите и управувањето со третман;
- да се развијат лидерски вештини за унапредување на грижата за пациентите.
Мисијата на студиската група MS-NEED е:
- да се разбере промената на улогата на медицинските сестри во Европа;
- да се подигне свеста за улогата и да се идентификуваат најдобрите практики за образование, сертификација и обука на медицински сестри;
- да се обезбедат сеопфатни услуги за лицата со МС од медицински сестри од ширум Европа;
- да се идентификуваат области каде улогата на медицинската сестра може да се промени или прошири за да се подобри квалитетот на животот на пациентите.
MS Nurse Professional и придружниот документ за консензус ја поддржуваат Директивата за модернизација на професионалните квалификации на Европската комисија (2005/36/EC), која има за цел да обезбеди усогласување на здравствените практики низ цела Европа. Оваа директива ги утврдува правилата за взаемно признавање на квалификациите кога професионалците (вклучително и оние од здравствениот сектор) сакаат да ги обезбедат своите услуги или да се основаат во друга земја-членка.
За повеќе детали симнете ја брошурата тука.
Доколку сте заинтересирани или имате потреба од дополнителни информации слободно обратете ни се на msmakedonija@gmail.com.