МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Водата – фактор за добро здравје и здрава долговечност

Homepage Мултипла Склероза Водата - фактор за добро здравје и здрава долговечност

Водата – фактор за добро здравје и здрава долговечност

msmakedonija
јуни 28, 2019
Мултипла Склероза

Вие не сте само тоа што јадете, вие сте тоа што пиете – д-р Батманхелиџ

Во нормални услови (при нормална температура и здрав организам) за едно деноноќие телото губи над 2,5 литри вода преку урината, преку кожата. При физички активности, при повисоки температури на воздухот секако оваа количина на изгубена вода е многу поголема. Природно и нормално е да се грижиме да го надоместиме она што го губиме, па така сосема е нормално оваа загуба на вода по природен пат да ја надоместиме. Само така нема да дозволиме нашето тело да биде константно дехидрирано, а дехидрирано тело е болно тело. Д-р Ф. Батманхелич (F. Batmanghelidjs), автор на книгата „Вашите тела многу плачат за вода“ (Your Bodys Many Cries for Water) You’re not Sick You’re Thirsty (Вие не сте болни Вие сте жедни) ги поврзува следниве заболувања кои се автентични за хронично дехидрирано тело: гастрити, чиреви во гастроинтестиналниот тракт, болки во зглобовите, астма, алергии и многу други заболувања. Д-р Батманхелич бил политички затвореник во ирачките затвори и таму навистина лекувал и излекувал огромен број затвореници само со терапија со ВОДА. Тој вели – „Вие не сте само тоа што јадете, вие сте тоа што пиете!!!“ Тој става нагласка на важноста на водата со фактите – мускулите се составени од 75% вода, нашата крв која е преносител на сите хранливи материи до секоја клетка е составена од 82% вода, белите дробови што ни го даруваат неговото височество – кислородот се составени дури од 90% вода, нашиот ценет генерален директор – мозокот во составот содржи 76% вода (кога ве боли глава-напијте се чаша вода-главоболката ке ја снема), па дури и нашите цврсти коски во составот имаат 25% вода. По повеќе децении истражување, д-р Батманхелич доаѓа до заклучок дека во оптимални услови при оптимална телесна тежина потребата на нашето тело за вода е мин. 6 до 8 чаши на ден.

Секое утро започнете го со пиење една чаша вода. Потоа истовремено пијте вода и јадете некој свеж овошен плод (вообичаено јаболко). Ова да биде редовен ритуал пред да излезете од дома, ритуал кој значи дека сте  ја направила хигиената и однатре, а не само хигиена однадвор како миење лице, заби, тело. Е  вака на здрав начин го почнуваме денот – чистeње и однадвор и однатре – многу едноставна утринска процедура која ни ги буди телото и духот.

Дали  чаевите, кафињата, безалкохолните напивки се сметаат за добра замена на водата? На ова прашање може да се одговори надолго и нашироко, но здравиот разум ми вели дека само вода (покрај нафтата) извира од земјата и само во водата семето ‘рти, гранчињата пуштаат корени, свенатите листови на моето цвеќе во канцеларијата, ако сме заборавиле за викенд да му ставиме вода, за помалку од еден час ќе ги крене листовите нагоре и ќе се почувствува животот во нив со само еден филџан вода. Можеби некој има некое друго сознание?! Секако дека некогаш ќе се напиеме и други напивки, но тие не се неопходни на нашата клетка. Претпочитајте вода пред која било друга напивка. Бубрезите ќе ви бидат благодарни бидејќи со помош на водата тие подобро ќе ја прочистуваат крвта и ќе ги елиминираат отпадните соединенија преку урината. Опстипацијата (запекот) ќе биде минато ако секојдневно ја дружите водата. Кожата ќе биде мека и чиста, а коските благодарни затоа што со водата им се одржува еластичноста, врзното ткиво ќе биде исполнето, а не да се губи, да се рони, да се калцифицира. Да не заборавиме дека водата нè прави среќни и здрави не само кога ја пиеме или ја апсорбираме преку свежите овошја и зеленчуци, туку и кога уживаме во неа преку пливање, туширање, парни бањи, хидромасажи… Зар не сте ја почувствувале силата на хидротерапијата со само едно утринско плискање на лицето со студена вода или туширање со наизменични млазови од студена и топла вода, утринско пливање во базен или езеро, море.

Колку што повеќе ја почитуваме, толку повеќе од неа добиваме здравје, енергија, долговечност. Каква вода да пиеме?

Најчесто прашање е токму ова. Најдобра вода е природната, онаа од планинските извори, од врелата, од кладенците, но со оваа вода во градовите, за жал, не можеме да си уживаме. Останува тесен избор: вода од чешма, купена вода во пластични шишиња или по можност, да се полни од извори надвор од градот. Секому му е познато дека водата од чешма има многу состојки (како што е хлорот), кои се додаваат за да се уништат одредени патогени микроорганизми, водата низ чешмите има бигор, таа минува низ дотраените цевки кои дополнително го зголемуваат загадувањето. За да добиеме чиста вода од нашата чешма, секако треба да користиме апарати за механичко и хемиско прочистување на водата и така ќе добиеме здрава и квалитетна вода за пиење од нашата чешма. Затоа им предлагам на градежните фирми што поскоро да почнат со вградување на овие апарати во становите (исто како што се вградуваат бојлери). Во секое домаќинство би требало да има вакви апарати за прочистување на вода преку кои ќе се снабдуваме со здрава и квалитетна вода која е предуслов за нашето добро здравје. Потребата на човекот да си го подобри квалитетот на живеење ги донесе во секое домаќинство машините за перење, електричните шпорети, фрижидерите, машините за миење садови и други апарати кои станаа полека но сигурно дел од нашите домаќинства. Затоа чинам дека овие апарати кои ќе ни донесат здравје преку квалитетната вода за пиење од нашите чешми нема ни случајно да биде луксуз туку ПОТРЕБА. Што се однесува до водата која ја купуваме, по можност да ја купуваме во стаклени шишиња и да купуваме одвреме-навреме разновидни видови вода, бидејќи секоја од овие води содржи одреден процент на минерали, за да не се дојде до хипо или хиперминерализација. Многу нешта останаа недоречени за водата, тоа е неисцрпна тема за истражување, но едно знам, водата е живот.

Заклучок

Почнете го денот со пиење една чаша вода. Секој ден да се пие околу осум чаши вода,а во жешко време и при вежбање да се пие повеќе.

Одберете природна вода, негазирана минерална вода, филтрирана вода од чешма. Овкусете ја со парче лимон, ѓумбир, лист нане и слично.

НАЗДРАВЈЕ!!!

 Пишува: сертифициран нутриционист, консултант Цвета Динева од ЦД диет клуб Скопје, контакт тел. 02 3214 099 или 078 363 903.

Previous Story
г-ѓа Цвета Динева, нутриционист – наш нов соработник
Next Story
Пред еден месец го одбележавме Светскиот ден на МС

Најнови објави

  • МС Барометар 2020
  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    понеделник, 15, Мар
    МС Барометар 2020
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

    Welcome back,