г-ѓа Цвета Динева, нутриционист – наш нов соработник

Скопје, 28. јуни 2019 година
Со голема чест и задоволство Ве известуваме дека од денес Националното здружение за МС има нов соработник. Тоа е сертифицираниот нутриционист консултант г-ѓа Цвета Динева од ЦД диет клуб Скопје.
Целта на остварената соработка е да ние, пациентите со мултипла склероза, добиваме корисни информации по однос на здравиот начин на исхрана, исхрана која ни е неопходна за поедноставно справување и одржување на нашата состојба.
Со помош на нашиот нов соработник, Цвета Динева, ќе објавуваме текстови и информации на веб страницата на Националното здружение за МС со цел споделување на корисни совети и едукација за начинот на исхрана на пациент со МС.
Националното здружение за МС се грижи за вашите потреби, ги детектира и се труди да излезе во пресрет со цел подобрување на квалитетот на животот на лицата со МС.
Наскоро очекувајте го првиот официјален текст!