Високи нивоа на липиди во крвта може да ги влошат симптомите на мултипла склероза кај обезни

Кај лицата со мултипла склероза кои имаат прекумерна телесна тежина или се обезни, и имаат покачени нивоа на липиди во крвта познати како церамиди, било забележано влошување на болеста. Имено, кај нив е забележан поголем губиток на моторните вештини како и почести оштетувања во мозокот.
Една неодамнешна студија кај пациенти со мултипла склероза покажала значајна корелација меѓу нивоата на церамиди, индексот на телесна маса и прогресијата на болеста. Потврдено е дека пациентите со мултипла склероза кои имаат висок индекс на телесна маса имаат повисоки нивоа на церамиди и повеќе циркулирачки моноцити во споредба со оние забележани кај здрави лица со ист индекс на телесна маса.
Исто така, откриено е дека церамидите може да влезат во имунолошките клетки познати како моноцити и да го променат начинот на кој клетките ги читаат генетските информации кодирани во ДНК.
Очигледно е дека лошите навики во исхраната може да имаат негативно влијание врз здравите лица, но нивниот негативен ефект е уште поизразен кај лицата со мултипла склероза бидејќи уништениот миелин може да се насобере и да го зголеми нивото на церамиди.
Резултати од клинички истражувања покажуваат дека зголеменото ниво на заситени масти како резултат на нездрави прехрамбени навики е една од можните причини за епигенетски промени кои доведуваат до развој на мултипла склероза.