МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Неодамнешните студии покажаа дека бројот на жените е можеби четири пати повисок од мажите

Homepage Мултипла Склероза Неодамнешните студии покажаа дека бројот на жените е можеби четири пати повисок од мажите

Неодамнешните студии покажаа дека бројот на жените е можеби четири пати повисок од мажите

msmakedonija
мај 14, 2019
Мултипла Склероза

Инциденцата на новодијагностицирани жени можеби е за четири пати повисока од кај мажите
Како хронична воспалителна болест, мултиплата склероза влијае на мозокот, ’рбетниот мозок и оптичкиот нерв и ја пореметува функцијата на централниот нервен систем. Имунолошкиот систем ги напаѓа нервните влакна предизвикувајќи воспаление кое влијае на преносот на електричните сигнали во централниот нервен систем.

Овие нарушувања предизвикуваат проблеми во комуникацијата помеѓу мозокот и остатокот од телото, предизвикувајќи различни симптоми, вкочанетост или трнење, заматен вид, двојна слика или губиток на видот, замор, нестабилност при движење, депресија, тешкотии во концентрацијата, слабост итн. Причината за оваа „болест со илјада лица“ не се знае, но познати се дел од факторите на ризик: возраст (често се дијагностицира помеѓу 20 и 40 години), раса, пол, недостиг на витамин Д, инфекција со EBV и други.

Врска помеѓу мултипла склероза и хормоните
Бројот на лица со мултипла склероза е повисок кај жените, но проценките варираат бидејќи податоците тешко се собираат. Се верува дека болеста е два до три пати почеста кај жените кое укажува на тоа дека хормоните сигурно играат улога. Една неодамнешна студија покажа дека бројот на жените е можеби за четири пати повисок отколку од мажите.

Во тек на бременоста кај некои жени е забележано намалување на бројот на симптоми (релапси) но симптомите може да се влошат после породување. Една студија кај жени во менопауза, покажа дека симптомите значително се подобруваат со влегување во менопауза. Иако се чини дека врската меѓу МС и хормоните е голема, има уште многу за истражување на оваа комплексна болест.

Едно истражување во Универзитет во Вашингтон покажало дека женскиот мозок ги обработува одредени протеини поинаку од машкиот. Единственото нешто што се знае е дека MС е комплицирана хронична болест која тешко се дијагностицира и текот на болеста е непредвидлив. Се уште има повеќе прашања отколку одговори, но денес со сигурност знаеме дека бројот на жените со МС е поголем од бројот на мажи со МС.

Previous Story
Националното здружение учествуваше на Скопски маратон под мотото „Трчај за МС“
Next Story
Високи нивоа на липиди во крвта може да ги влошат симптомите на мултипла склероза кај обезни

Најнови објави

  • МС Барометар 2020
  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    понеделник, 15, Мар
    МС Барометар 2020
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

    Welcome back,