Според една нова студија високиот крвен притисок е вообичаен кај мултипла склероза

Информирајте се како да останете во добро здравје
Според новото истражување кое опфаќа милиони медицински досиеја, поради засега нејасни причини, високиот крвен притисок (хипертензија) бил за 25% почест кај лицата со МС во споредба со општата популација. Хипертензијата е водечка причина за болести и смрт, и често може да се третира со одредени промени во животниот стил и употреба на лекови; оваа студија ја нагласува важноста на справувањето со хроничните медицински состојби кои можат да коегзистираат со МС, и кои може да ги влошат симптомите на МС.
- Во научна смисла, постоењето на две хронични медицински состојби во исто време се нарекува „коморбидитет“. Се повеќе се зборува дека коморбидитетите може да ја отежнат дијагнозата на МС, и исто така да ја зголемат прогресијата на болеста, како и да го нарушат општото здравје и квалитетот на животот на поединецот. Распространетите нарушувања кои се јавуваат заедно со МС вклучуваат депресија, анксиозност, висок крвен притисок, висок холестерол и хронични белодробни заболувања.
- Овој тим ги испита медицинските досиеја на 122.660 лица со МС, и 37.075.350 лица без МС, во „Explorys“, базата на податоци на „IBM“ која вклучува информации од 26 главни здравствени мрежи во САД.
- Резултатите исто така покажуваат дека преваленцата на хипертензија се зголемувала со возраста и била повисока кај афроамериканската популација и кај мажите со МС.
- За лице кое живее со МС, патот до благосостојбата вклучува повеќе од лекување на болеста и нејзините симптоми. Подеднакво важни се превентивните стратегии, како што се проверка на крвниот притисок и лекување на висок крвен притисок доколку е потребно.
- Обезбедете список со препораки за превентивна нега
- Информирајте се за здравите навики за квалитетен живот со МС
- Информирајте се за „American Heart Association“ – Табела за начин на живот։ Што можам да преземам за да го подобрам крвниот притисок?
„Преваленцата на хипертензија кај мултипла склероза врз основа на 37 милиони електронски здравствени досиеја од САД“ од д-р Farren Briggs (Case Western University, Cleveland) и колегите е објавена во „European Journal of Neurology“ (2020 Sep 27).
За мултипла склероза
МС е непредвидлива болест која предизвикува попречености на централниот нервен систем. Симптомите се движат од вкочанетост и пецкање до слепило и парализа, а моментално лек за МС не постои. Напредокот, сериозноста и специфичните симптоми на МС кај која било личност сè уште не може да се предвидат, но напредокот во истражувањето и новите третмани водат кон подобро разбирање на состојбата и приближување до свет без МС. Се проценува дека околу 1 милион луѓе во САД живеат со МС. Повеќето лица со МС се дијагностицирани на возраст од 20 до 50 години, а таа ги погодува жените три пати повеќе од мажите.
Извор: https://www.nationalmssociety.org/About-the-Society/News/High-Blood-Pressure-is-Common-in-MS,-Says-New-Stud
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.