МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Три одлични вежби за лицата со мултипла склероза

Homepage Мултипла Склероза Три одлични вежби за лицата со мултипла склероза

Три одлични вежби за лицата со мултипла склероза

msmakedonija
јануари 31, 2021
Мултипла Склероза

Да се ​​биде активен е важен дел од справувањето со симптомите на мултипла склероза (МС) но, симптомите може да го отежнат вежбањето. Што може да преземете за да останете во форма и да ја зголемите подвижноста кога симптомите се најлоши? Ви нудиме три вежби за лицата со MС. Ќе бидете изненадени колку е лесно да започнете кога ќе одберете активност која нема да влијае на влошување на симптомите.

ОДЕЊЕ

Одењето или пешачењето е една од најдобрите достапни вежби бидејќи нашите тела се дизајнирани да потрошат многу време во движење од едно до друго место. Нашите тела всушност сакаат да шетаат многу повеќе отколку што повеќето од нас се во состојба да го прават тоа. Одењето е една од најлесните вежби кои можете да ги вклучите во секојдневната рутина. Користете ги скалите наместо лифтот. Прошетајте го кучето или пешачете низ паркот додека разговарате со некој пријател. Постојат многу апликации и дигитални алатки кои ќе ви помогнат да го следите секој направен чекор во текот на денот ако сакате да видите напредок. Ова дури може да се претвори во забавен натпревар со самите себе.

ЈОГА

MС може да доведе до проблеми со подвижноста, а јогата е еден од најдобрите начини за справување. Првиот јога час може да биде застрашувачки, но исто така можете да вежбате јога во комфорот на вашата дневна соба. Најдете ги јога позите, онлајн и започнете од наједноставните. Запомнете дека се работи за дишење и стабилност. Истегнете се, но никогаш не вложувајте премногу напор, бидејќи јогата не е наменета да се чувствувате како да трчате маратон. Ако се справувате со ограничена подвижност во јогата постојат вежби кои можете да ги направите додека седите.

ПЛИВАЊЕ И АЕРОБИК ВО ВОДА

Пливањето е одличен кардио тренинг. Бидејќи сте во вода исто така нема да морате да се грижите за прегревање кое може да предизвика тешкотии кај многу лица со МС. Ако не сакате да пливате, обидете се со аеробик во вода. Ќе имате корист од намалениот притисок на зглобовите но, сепак ги чувствувате придобивките од часот по аеробик. Што и да одберете, вежбањето во базен е еден од најдобрите начини да останете активни и покрај ограничената подвижност, бидејќи водата ќе го олесни движењето на вашето тело.

Извор: http://www.mslivingsymptomfree.com/blog/3-Good-Exercises-for-People-With-MS.htm

Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.

Previous Story
„РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК“ e добитник на бројни признанија и награди на филмски фестивали
Next Story
Како да ја нахраниме душата и пронајдеме позитивната страна и покрај секојдневната борба со МС

Најнови објави

  • МС Барометар 2020
  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    понеделник, 15, Мар
    МС Барометар 2020
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

    Welcome back,