МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

„РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК“ e добитник на бројни признанија и награди на филмски фестивали

Homepage Новости „РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК“ e добитник на бројни признанија и награди на филмски фестивали

„РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК“ e добитник на бројни признанија и награди на филмски фестивали

msmakedonija
јануари 27, 2021
Новости

Одлично време да го споделиме со Вас постигнатиот успех во 2020 година на првиот македонски краткометражен филм за мултипла склероза „Роденденски подарок“. Мало потсетување, ова дело е производ на плодната соработка на Националното здружение за МС и Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Во продолжение дознајте ги сите остварени успеси на „Роденденски подарок“.

1. „Роденденски подарок“ добитник на престижната награда „Best of show“ на интернационалниот филмски фестивал WRPN.TV Short, Tight and Loose global film festival competition (WSTL) во САД.

Исклучителна гордост на Националното здружение за МС и Факултетот за драмки уметности, претставува ова високо достигнување, бидејќи покрај големата конкуренција и бараните и исполнети високи критериуми за учество, нашиот квалитет беше препознаен од  страна на ваков реномиран ентитет во филмскиот свет.

2. Филмот беше награден со „Best short documentary“ на филмскиот фестивал The best film festival во Барселона, Шпанија.

Двоен вид на проекции:

– Он-лајн: На ​​платформата Вимео приватно прикажување, достапно само за гостите на фестивалот и

– Во живо: Со прикажување на неколку места во Барселона (Шпанија) и Резистенсија (Аргентина).

Гласањето беше преку интернет.

3. „Роденденски подарок“ се закити со уште една престижна награда „Best of show“ на филмскиот фестивал во САД, WRPN.TV Global Webisode Competition.

Посебна гордост претставува што филмот зазема место во редот на најдобри добитници во главните категории, а тоа се следниве: “Best Of Show”, “Award Of Outstanding Excellence,” и “Award Of Excellence.”

Ова говори дека нашиот труд е препознаен на врвни интернационални филмски фестивали.

4. „Роденденски подарок“ за сценариото беше награден со „Gold script writing“ на филмскиот фестивал WRPN.tv Screenplay Competition – САД.

Конкурс создаден за идните сценаристи. Основачите се активни членови на Universal Film and Festival Organization (UFFO.ORG), непрофитна организација со седиште во Велика Британија, основана за спроведување на најдобри деловни практики за фестивали.

5. Награда  „Outstanding excellence“ на WRPN Women’s International Film Festival“ – САД.

Филмски фестивал за филмови направени од жени или филмови со тематика што се однесува на проблеми, особено на женски проблеми. WWIFF е сестрински фестивал на Меѓународниот филмски фестивал Depth of Field, алумни на фестивалот „Топ 100 прегледани“ на FilmFreeway.

6. На еден од поголемите филмски фетивали во САД – „Docs Without Borders Film Festival“, „Роденденски подарок“ се закити со две награди:

– Excellence;

– Excellence in Viewer Impact: Content/Message Delivery.

7. Покрај споменатите престижни награди да не ги заборавиме и достигнувања на „Роденденски подарок“ каде се котираше како полуфиналист:

– „Semi finalist“ на Lisbon Film Rendezvous – Португалија

– „Semi finalist“ на Tempus Film Festival – Белорусија

8. Филмот влезе во официјална селекција (Official selection) на следните меѓународни филмски фестивали:

– New Cinema – Lisbon Monthly Film Festival – Португалија;

– Youth Film Festival Skopje – Р. С. Македонија.

„Роденденски подарок“ беше одбран за натпреварувачката програма МАКЕДОНСКИ КУСИ на филмскиот фестивал КИНЕНОВА и три пати беше емитуван на Телевизија 24 во текот на месец октомври.

За филмот „Роденденски Подарок“

Во тек на 2019 година, во Кинотеката на Македонија во Скопје, премиерно беше прикажан првиот краткометражен филм за мултипла склероза насловен „Роденденски подарок“.

Ова е прва соработка помеѓу Националното здружение за МС и Факултетот за драмски уметности во Скопје, која е одлично и успешно реализирана.

„Филмот прикажува и разработува исклучително чувствителна тема каде глумците, режисерите, сценаристите, камерманите, монтажерите и други несебично се внесоа и не штедејќи го својот потенцијал успеаја вешто да ја отсликаат реалноста и верно да ги доловат предизвиците со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза“, изјави Ана Карајанова-Димитрушева, Претседателка на Националното здружение за МС.

Десет минутниот филм е снимен на локации во Скопје и е фокусиран на здравствените и социјалните аспекти прикажани низ призма на борбата на главната хероина Јасна со нејзината хронична болест од една страна и отсуството на емпатија од останатите од друга страна.

Во приказната прикажан е животот на млада девојка, ликовен уметник, лице кое боледува од мултипла склероза. Таа и покрај тешкотиите кои ѝ ги задава болеста со крајни сили се труди да ја исполни задачата за која е ангажирана, храбро борејќи се со исцрпувачките симптоми како резултат на нејзината болест. Кулминација во самата приказна се лошите зборови упатени од страна на Зоран, кои храбро ги дочекува Јасна која истовремено се бори на два фронта – макотрпните симптоми на мултиплата склероза и нималку пријатните зборови на Зоран како работонарачател.

Краткометражниот филм „Роденденски подарок“ има прекрасен расплет каде секој може да ја почувствува суровата реалност, гордоста, победата и покајувањето.

Погледнете го целиот филм на YouTube каналот на здружението тука.

За Националното Здружение за МС

Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Од 7. мај 2020 година, Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platfrom, EMSP) и на Светската алијанса на пациенти (World Patient Аlliance).

Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.

Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

Previous Story
Националното здружение за МС е членка на World Patient Alliance
Next Story
Три одлични вежби за лицата со мултипла склероза

Најнови објави

  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
  • Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна исхраната кај лицата со МС, дали игра улога и како може да помогне?

    Welcome back,