Како да ја нахраниме душата и пронајдеме позитивната страна и покрај секојдневната борба со МС

Нашите мисли влијаат на нашето битие. Приказните што си ги раскажуваме самите себеси ја оформуваат нашата реалност.Тие влијаат на одлуките кои ги донесуваме, на нашето однесување, како и на целокупниот ментален склоп. Можат да ја нахранат но, и да ја изгладнат нашата душа.
Ако сме она што го јадеме, тогаш дали сме тоа што мислиме? Апсолутно да. Не смееме да ги занемариме работите што си ги кажуваме едни на други. Ова воопшто не е едноставно кога мултипла склероза (МС) е наш постојан придружник на патувањето. Како да ја храниме душата, кога доминираат негативните чувства како што се болка и тага?
Бидете трпеливи со самите себе. Животот е маратон, а не спринт. Патот до прифаќањето е долготраен. Целите се менуваат со прогресијата на болеста. Здраво е да се оичитуваат чувствата како што се лутина и тага. Исцелително е во такви моменти да се предизвикаме себе си и да пронајдеме алтернативни решенија. Кои чувства и емоции влијаат подобро на вас? Запишете ги позитивните чувства и залепете ги низ вашиот дом. Кога ќе ги погледнете, визуелизирајте период од животот кога сте се чувствувале така. Размислете што можете да направите за повторно да предизвикате такви чувства? Овој начин помага да внесете рамнотежа кај вас, дури и во најтешките денови.
Однесувајте се љубезно,човечно кон себе и кон останатите. За мене ова е најмоќниот еликсир. Да се направи некому добрина е непроценливо. Никогаш не потценувајте ја вашата способност да внесете ведрина во туѓите животи. Уживам да волонтирам во акции за спасување животни. Ако не можам да остварам средба, можам да реализирам телефонски повици или да одговарам на електронската пошта. Размислувам на пријателите на кои би можел да им испратам рачно напишана честитка. Дури можам и да му подарам букет цвеќе на соседот. Имате неверојатна можност да направите промена, да направите нешто важно. Радувајте се низ секој од овие предизвици.
Направете избор од вашите мисли. Ова е многу моќна алатка со чија помош можете да го тренирате мозокот. Го правам ова проактивно во обид да одржам поздрав начин на размислување.Секоја негативна мисла ја следам со позитивна. Чувството „имам болка“ може да биде проследено со „благодарен сум што денес можам да останам дома“. Ваквите чекори го поттикнуваат мозокот да го следи примерот. Ваквиот процес станува природен. Однесувањето се учи.Никогаш не сомневајте се во вашата способност да бидете и наставник и ученик.
Не можеме да ја игнорираме нашата состојба. Имаме МС и таа е наш доживотен придружник. Но, вие не сте вашата МС. Императив е да направите разлика помеѓу вашата болест и вашиот идентитет. Радоста, животните пресвртници, љубовните врски и авантурите се дел од она што сте вие. МС никогаш не може да ви го одземе тоа. Сметам дека прифаќањето на МС е многу корисно. Долго време се обидував да се спротивставам на нејзиното присуство. Ова само го направи товарот поголем. Соочувајќи се со проблемот успеав да го потиснам стравот.
Конечно, ние сме во ова заедно. Не сте сами во ниту едно ваше непријатно размислување. Кога мислите ќе станат прегласни, време е да преземете чекори. Замислете копче (прекинувач) за стишување. Секогаш кога мислите ќе станат гласни, искористете го прекинувачот. Замислете пријатна тишина на место на гласната врева. Ако сте склони кон лоши мисли поканете ги позитивните да го заземат своето место.
Негувајте ја вашата душа, не хранете ја МС.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.