Кога ги движите очите, чувствувате ли притисок? 4 можни причини

Мултипла склероза (МС) може да предизвика невообичаени симптоми, оставајќи те зачуден да се прашуваш дали тоа претставува промена која е карактеристична за оваа состојба. На пример, неколку пациенти доживеале и знаат што претставува таканаречениот електричен шок.
Постојат некоку случаи зошто некои луѓе доживуваат ваква состојба:
-
Оптички невритис
Оптичкиотм нерв испраќа информации од окото до мозокот. Ако овој нерв се воспали настанува состојба која се нарекува оптички невритис. Многу луѓе лпои имаат МС ја сикусуваат оваа состојба и најчесто претстасвува еден од првите симптоми на МС. Но сепак не секој пациент со МС има оптички невритис и не секој пациент кој има оптички нервитис има МС.
Оптичкиот невритис претставува типична состоја што влијае на окото од време на време. Симптоми што се карактеристични за оваа состојба :
- Болка при мрдање на окото
- Заматен поглед
- Ненадејно менување на боите во гледањето (како на пример црвената боја изгледа сиво или заматено)
За да се дијагностицира оптичкиот невритис твојот доктор ќе закаже магнетна резонанца на мозокот и очните шуплини, вклучувајќи и рбетниот столб со цел да види дали постојат демилизирачки лезии.
При појава на оптички невритис не секогаш е потребен третман со лекови, бидејќи најчесто оваа состојба се стабилизира за 3 недели или најмногу 5 недели, и на 90 проценти од луѓето им се подобрува состојбата. За некои пациенти ситуацијата се подобрила дури и за 1 година. Доколку воспалението е силно некои лекари препишуваат стероиди за да се подобри состојбата.
-
Фотофобија
Помала чуствителност на видот е познат како фотофобија, и претставува чест симптом кај луѓе со МС и мигрена. Многу често оваа состојба е поврзана со оптички невритис или увеитис (воспаление на увеа или средно уво). Најчесто кај луѓе кои имаат посветли очи се јавува фотофобија.
Заштитни очила може да помогнат во спречување на зраците кои предизвикуваат фотофобија. Затвотањето на очите кога надвор е премногу светло и затемнување на просторијата каде што се престојува може исто така да помогне.
-
Тригеминална невралгија
Тригеминалниот нерв или петтиот кранијален нерв, може да предизвика болка доколку е повреден, или доколку се појави лезија на таа позиција. Оваа состојба е наречена тригеминална невралгија. Луѓе кажуваат дека тоа претставува состојба на електирчни шокови по лицето кои траат неколку минути секоја епизода. Најчесто тригеминалната невралгија ги погодува луѓето над 50 години, но се среќава и кај помлади.
Тригеминалната невралгија често се нарекува и tic douloureux.Симптомите што ги имаат лицата се јавуваат при четкање на забите, јадење илои пиење, смеење, миење или допирање на лицето, силен ветер насочен кон лицето. Резултатите од прегледот на лицето и магнетната резонанца помагаат при дијагностицирање на тригеминалната невралгија и одредување на медикаментозна терапија.
Лермитов знак
Лермитовиот знак или познат како феноменот на берберска столица претставува сензација во вид на електричен шок кој го доживуваат околу 33 проценти од луѓето со МС. Најчесто шокот се чувствува во задниот дел на вратот низ нозете и рацете, луѓето со МС може да го почуствуваат сето ова во случаи кога се наведнуваат напред или за време на голем замор или стрес. Студии покажуваат дека околу 16 проценти на луѓето со МС го имаат Лермитовиот знак заедно со симптомите од МС. Третманот на истиот вклучува медитација, фиксатор на вратот во вид на крагна со цел да се намали движењето, лекови за невропатска болка, стимулација на нервите.
Што да се прави со симптомите на очите
Луѓе кои имаат МС често имаат нистагмус (принудно движење на очите) или диплопиа (двојна слика). Многу е важно да се пријави секој нов симптом кај неврологот. Секој пациент има различни симптоми на МС. Разговорот со лекарот ќе му помогне да води евиденција на симптомите и нивната прогресија. Тој можеби ќе предложи промена на животниот стил, промена на лекови.
Извор: www.mymsteam.com/resources/when-you-move-your-eyes-do-you-feel-a-jolt-4-possible-causes?
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и необезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.