МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Лумбална пункција

Homepage Мултипла Склероза Лумбална пункција

Лумбална пункција

msmakedonija
август 19, 2020
Мултипла Склероза

Лумбална пункција е инвазивна постапка со која се зема церебралноспиналнa течност (ликвор) (анг. cerebrospinal fluid, CSF), која потоа се анализира за присуство на абнормалности кои обично се забележуваат кај мултипла склероза (МС). Церебралноспиналниот ликвор е течност што го опкружува и штити мозокот и ‘рбетниот мозок. Постапката се одвива со игла вметната во долниот дел од ‘рбетот, помеѓу 3-от и 4-от или 4-от и 5-от лумбален пршлен.

Што можам да очекувам кога ќе се подложам на лумбална пункција?

Лумбална пункција се изведува во времетраење од 15 – 30 минути. За време на постапката, ќе биде побарано да седнете или легнете странично со колената припиени до градите со цел изложување на грбот и ‘рбетот. Обично се извршува без употреба на анастезија или со локален анестетик кој се инјектира поткожно во близина на местото на лумбалната пункција. Постапката се извршува со мала шуплива игла која се вметнува во пределот на ‘рбетот под најнискиот врв на ‘рбетниот мозок. По вметнување на иглата, се повлекува мала количина на ликвор што може да потрае некаде од 2 до 5 минути. Лекарот може да го измери притисок во цереброспиналниот канал со помош на специјален уред наречен манометар.

По отстранувањето на иглата, лекарот ќе изврши притисок на местото на пункцијата и ќе одреди дали ќе треба да лежите во апсолутно мирувачка положба на грб најмалку еден час или подолго. Многу е важно да се лежи по постапката за да се спречи главоболка што може да се појави ако церебралноспиналнатa течност протекува од местото на пункцијата. Главоболката е вообичаен несакан ефект при лумбална пункција што влијае на 10 – 40% од пациентите. Ако доживеете главоболка или гадење по лумбална пункција, треба да одмарате. Ако главоболката опстојува повеќе од 24 часа, треба да се вратите кај вашиот невролог заради санирање на местото, што подразбира вбризгување мала количина крв во просторот на оригиналната пункција со цел да обезбеди згрутчување на крвта да се спречи протекување на церебралноспиналнa течност. Исто така, важно е да испиете многу течности пред и после пункција, како и да се ограничи физичката активност најмалку 24 часа по постапката.

Како изгледа цереброспинална течност и што ќе испитува вашиот лекар?

Ликворот е безбојна и бистра течност која содржи многу малку црвени и бели крвни клетки. Се тестира за присуство на одредени клетки и протеини, вклучително и олигоклонални траки, кои укажуваат на абнормален имунолошки одговор што се гледа во МС. Хемиската анализа на ликворот исто така тестира и присуство на други болести кои можат да предизвикаат симптоми слични на МС.

Дали постои ризик од какви било сериозни компликации со лумбална пункција?

Како и со секоја друга инвазивна медицинска постапка, постои ризик од компликации, но сепак сериозни компликации се исклучително ретки. Траума на коренот на ‘рбетниот мозок може да резултира во губење на сензација, слабост или болка. Ако игла дојде во контакт со коренот на ‘рбетниот мозок  може да се појави абнормална сензација или болка во нозете. Ако тоа се случи, не грижете се, безопасно е и ќе се реши кога ќе заврши постапката. Епидуралното крварење е уште една ретка компликација при лумбална пункција.

Извори: https://multiplesclerosis.net/diagnosis/lumbar-puncture/, https://sdmsh.hr/lumbalna-punkcija/?lang, https://www.bolnicapancevo.rs/Vest-Plumbalna.html 

Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте  ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.

Previous Story
Што e „активнa“ и „неактивнa“ мултиплa склероза?
Next Story
COVID-19 и МС

Најнови објави

  • МС Барометар 2020
  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    понеделник, 15, Мар
    МС Барометар 2020
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

    Welcome back,