Што e „активнa“ и „неактивнa“ мултиплa склероза?

Активнa, прогресивнa, релапсна? Вашиот лекар можеби ќе разговара со вас за овие термини, но што значат сите за вас? Мултиплa склероза (МС) влијае на секоја личност на различни начини. Сепак, експертите пронашле одредени обрасци како болеста има тенденција да напредува.
Видови на МС
Околу 80 до 85 проценти од луѓето со МС се дијагностицираат со релапсно-ремитентна МС (РРМС). Со овој вид на МС луѓето доживуваат напади на симптоми, исто така, наречени релапси. Ова може да се случи ако постојниот симптом се влоши, или може да биде нов симптом што се развива. Рецидивот може да трае од неколку дена до неколку месеци. После релапсот, лицето може да биде без симптоми подолг временски период пред да има друг релапс. Со текот на времето, некои луѓе со РРМС може да преминат во секундарно-прогресивна МС (СПМС). Кај лица со СПМС, болеста почнува полека и стабилно да напредува и да се влошува. Околу половина од оние со РРМС развиваат СПМС во рок од 10 години од дијагностицирањето.
Активна наспроти неактивна МС
Доколку некое лице со СПМС доживее релапс, ова се нарекува „активна“ СПМС. Генерално, лице со активна СПМС ќе има помалку релапси од некој со РРМС. Ако нема релапси, ова се класифицира како „неактивна“ СПМС.
Околу 10 до 15 проценти од луѓето првично се дијагностицираат со друг вид на МС наречен примарно прогресивна МС (ППМС). Кај овој вид, постои стабилна прогресија и болеста се влошува од почеток. Оние со ППМС, исто така, дополнително се категоризираат како активни, доживуваат релапси; или неактивни, оние кои не доживуваат релапси.
Зошто е важно да знам каков вид на МС имам?
Типот на МС што го имате му помага на вашиот лекар да одлучи кој вид на третман е најдобар за вас. Постојат повеќе одобрени лекови за третман на релапсни форми на МС, вклучително и РРМС и активна СПМС и за третман на примарно прогресивна МС. Овие третмани се нарекуваат терапии за модифицирање на болеста (анг. DMTs, disease modifying therapies). Тие се користат за да се намали активноста на болеста, па со тоа и бројот на релапси и да се подобри квалитетот на живот на лицето со МС. Истражувањата покажаа дека DMTs се успешни во забавување или одложување на прогресијата на МС. DMTs може да се инјектираат поткожно или мускулно, да се земаат орално или по пат на интравенска инфузија.
Третман на неактивна СПМС и други прогресивни форми на МС
Потребни се повеќе истражувања за да се најдат ефективни третмани за прогресивни типови на МС, вклучително и за неактивна СПМС. Сепак, постојат некои ризици за кои треба да се разговара со вашиот лекар. Тековните клинички истражувања за третмани за неактивна СПМС и други прогресивни форми вклучуваат терапија со матични клетки, биотин во голема доза, липоична киселина и антиинфламаториуми, меѓу останатите.
Стратегиите за подобрување или одржување на функцијата и подвижноста, како и управувањето со симптомите и емоционалната благосостојба, се исто така клучни делови на добро заокружен план за лекување на МС, без оглед на видот на МС.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.