Разликата помеѓу бренд имињата и генеричките имиња на лековите

Кога ќе се открие нов лек компанијата која го открила аплицира за патентирање на производот со што би ги спречило другите компании да го произведуваат и продаваат лекот. Патентирањето (заштитниот период) може да трае и до 20 години и во овој период компанијата може да го произведува и продава лекот под бренд името за да ја врати својата инвестиција и да оствари профит. Со текот на времето ова име станува синоним за лекот. Но, по истекот на овој период на другите компании им е дозволено да произведуваат сличен лек. На овој начин се создава бренд и генеричко име на лековите.
Лековите во различни земји се познати под различни имиња, но генеричкото име останува непроменето.
Која е разликата помеѓу бренд и генеричкото име на лековите
Разликата помеѓу името на брендот и генеричкото име на лековите е во околностите на производство на лекот. Додека името на брендот се однесува на името кое го дава компанијата која го произведува лекот, генеричкото име се однесува на активната состојка на лекот. Исти лекови се продаваат под различни бренд имиња, но ги содржат истите активни состојки. Што се однесува до ефикасноста на лековите, генеричките лекови ја имаат истата активна состојка како и бренд лековите. Сите лекови мора да бидат усогласени со строга директива и надзор на Администрацијата за храна и лекови „Food and Drug Administration (FDA)“ во САД и еквивалентни институции во други земји.
Целта е следната: генеричките лекови не се исти по изглед, боја, вкус и форма како бренд лековите и мора да го имаат своето уникатно име.
Овие разлики се забележливи не само помеѓу бренд и генеричките имиња на лековите, туку и помеѓу самите генерички лекови. Тоа значи дека може да сретнете различни имиња на лекови со исти активни состојки, а оваа активна состојка се однесува на генеричкото име на лекот.
Која е разликата помеѓу бренд и генеричките лекови?
- Различни неактивни состојки: Разликата помеѓу бренд и генеричките лекови е во неактивната состојка содржана во нив. Бидејќи „FDA“ се занимава со активните состојки на лековите, неактивните состојки се она по кое се разликуваат генеричките од бренд лековите. Затоа е важно да ја разгледате листата на состојки назначена на пакувањето на лекот за да видите дали постои состојка која можеби не е добра за вас.
- Генеричките се поевтини отколку бренд лековите։ Продажната цена како и делот кој го покрива осигурувањето обично се пониски кај генеричките лекови. Цената може да биде пониска од 20 до 80 проценти. Ова е така бидејќи компаниите за генерички лекови не ги сносат истите инвестициски трошоци како компаниите кои произведуваат бренд лекови.
- Различни производители։ Генерички лекови произведуваат различни компании, а вие ќе добиете тип на лекови во зависност од тоа кој производител ја снабдува вашата аптека.
Зошто генеричките лекови се различни по боја и вкус?
Трговските закони забрануваат генеричките лекови да изгледаат идентично со бренд лековите, но сите мора да имаат исти активни состојки за да ги понудат истите лековити ефекти. Овие разлики често доаѓаат од неактивните состојки кои се користат, како бои, адитиви и конзерванси кои помагаат да се одреди големината, обликот и бојата на лекот.
На пациентите им се советува да ја следат лекарската препорака и пропишаниот лек, бидејќи според вашата медицинска историја лекарот може точно да утврди дали некои неактивни состојки во одреден бренд или генерички лек може да предизвикаат негативни реакции во вашиот организам.
Како да знаете дека го добивате вистинскиот лек во вашата аптека?
Ако на рецептот е наведен бренд лек, но вашиот лекар дозволува генеричка замена, ознаката на лекот ја покажува активната состојка. И покрај разликите во бренд и генеричкото име на лекот активните состојки се идентични и подеднакво ефикасни. Сепак во консултација со вашиот лекар треба да го одредите лекот кој е најдобар за вас. За да се одлучи кој лек е најдобар за вас не е доволно само да се претпостави туку е потребно разбирање за составот и активната состојка на лекот.
Генеричките се поевтини од бренд лековите; дали ова влијае на квалитетот?
Ако сте загрижени дека тоа што генеричките лекови се поевтини влијае на нивниот квалитет, не сте единствени. Но, тоа не е точно! Улогата на „The food and drug administration (FDA)“ е да обезбеди генеричките да бидат безбедни и ефикасни исто како и бренд лековите. Замислете го светот без доволно и достапни основни лекови. Ова е причината зошто на компаниите им е дозволено да произведуваат повеќе генерички лекови достапни на сите кои имаат потреба од нив.
Генеричките лекови се поевтини бидејќи трошоците за производство не ги вклучуваат трошоците за развој и маркетинг на бренд лековите. Обично трошоците за нови лекови ги вклучуваат трошоците за истражување, патентирање, развој, маркетинг и промоција. Но, ниту еден од овие трошоци не е вклучен во производството на генерички лекови. Затоа законот им дозволува на компаниите за производство на бренд лекови да ја вратат својата инвестиција пред да им дозволи на производителите на генерички лекови да произведуваат и продаваат ист лек.
На некој начин причината зошто се дозволени генеричките лекови е за да се намалат трошоците и да се направат лековите достапни за повеќе луѓе по поприфатливи цени.
Како да знам дека се работи за истиот лек?
Законот бара производителите на лекови да ги наведат активните и неактивните состојки и да ги забележат на пакувањето. Иако, лековите можат да имаат различни бренд имиња, генеричкото име ја опишува активната состојка и ова е начин да се идентификува видот на лекот. Истата активна состојка може да има различни бренд имиња во различни земји. Законот исто така бара сите активни лекови да имаат иста активна содржина и квалитет. Сепак, доколку се сомневате треба да разговарате со вашиот лекар или фармацевт.
Извор: https://www.rosemedicalgroups.org/blog/difference-between-brand-name-and-generic-drugs
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.