8 состојби кои може да се третираат со киропрактика

Состојби кои киропрактичарите вообичаено ги третираат
Киропрактичарите третираат состојби поврзани со структурата на вашето тело. Нивната цел е да ја ублажат болката и да ја подобрат функцијата на одреден дел од телото. Тие не препишуваат лекарства и не извршуваат хируршки зафати. Наместо тоа, тие го прилагодуваат или манипулираат со вашиот ‘рбет или други делови од телото за да ги донесат во вистинската положба и правилна поставеност. Киропрактиката се заснова на идејата дека кога вашето тело е во правилно усогласување имате поголеми шанси да се излекувате.
Во продолжение ви презентираме преглед на некои од најчестите заболувања кои се третираат со киропрактика – не сите од нив се поврзани со ‘рбетот.
- Болка во долниот дел на грбот
Болката во долниот дел на грбот е една од најчестите причини зошто луѓето бараат третман од киропрактичар. Истражувањата поврзани со спиналната манипулација често се фокусирани на болки во долниот дел на грбот. Според „National Center for Complementary and Integrative Health“ некои лица со болки во долниот дел на грбот имаат корист од посетата на киропрактичар. Некои истражувања сугерираат дека лицата со болки во долниот дел на грбот се позадоволни од ефектот при посета на киропрактичар, отколку при посета на нивниот матичен лекар.
-
Болка во вратот
Киропрактичарите често ја третираат болката во вратот со помош на спинална манипулација. Овие зафати се нарекуваат и прилагодувања. Во некои случаи, овие прилагодувања на вратот, заедно со вежбите, може да бидат поделотворни во справувањето со болките отколку лекови против болки. Можеби ќе сакате да посетите киропрактичар доколку се справувате со хронични болки во вратот кои не се должат на повреда.
-
Главоболки предизвикани од напнатост
Киропрактично прилагодување на вашиот врат може да помогне ако имате главоболки од напнатост. Ова е вообичаен тип на главоболка која предизвикува болка во задниот дел на главата и вратот. Стресот и лошото држење на телото може да предизвикаат вакви главоболки. Киропрактичар може да го намести вашиот врат и да ви препорача вежби за истегнување. Тој, исто така може да предложи здрави начини за намалување на стресот и ослободување од главоболки, вклучувајќи правилно држење и механика на телото.
-
Мигренозни главоболки
Истражувањата покажуваат дека киропрактичните манипулации со ‘рбетот можат да ја намалат фреквенцијата на мигрена, да ја намалат болката и да ја намалат потребата за лекови за мигрена. Како се случува ова не е познато. Авторите на истражувањата сугерираат дека киропрактичната нега го намалува целокупниот стрес, што пак може да го намали ефектот на мигрена. Како предизвикувач на мигренозни главоболки може да се смета и одреден вид на храна. Вашиот киропрактичар, исто така може да ви даде совети и да предложи некои промени во вашата исхрана што би помогнало во лекувањето на мигрена и други видови главоболки.
-
Исчашување (главоболка предизвикана од истегнување на вратот)
Исчашување е вид на истегнување на вратот што често произлегува од сообраќајна несреќа. Предизвикува болка и вкочанетост во вратот. Болката може да се зголемува кога се обидувате да ја свртите главата. Може дури да почувствувате вртоглавица или гадење во стомакот. Прилагодувањето или манипулација со вратот од страна на киропрактичар може да биде од помош. Киропрактичарот може да ви препорача вежби за истегнување и во домашни услови и да ве советува како да користите топли или ладни облоги за да ги намалите грчевите во мускулите и отокот.
-
Болка во сакроилијачниот зглоб – голем зглоб на дното на ‘рбетот
Сакроилијачниот зглоб е голем зглоб на дното на ‘рбетот. Проблемите со овој зглоб предизвикуваат различен тип на болки во долниот дел на грбот. Може да почувствувате болки во задникот или во задниот дел на бутот. Киропрактичарите го третираат овој вид на болка со истегнување или прилагодување на вратот. Киропрактичарот, исто така може и да ве научи како да избегнувате напрегање на овој зглоб. Исто така може да ви препорача и вежби за зајакнување на мускулите кои му даваат поддршка.
-
Болка во рамото
Кога станува збор за киропрактична нега веројатно прво помислувате на болки во грбот и вратот. Сепак третман кај киропрактичар, исто така може да ви помогне и ако се справувате со вкочането и болно рамо. Оваа состојба се нарекува синдром на замрзнато рамо. Третманот кај киропрактичар може да биде многу полезен за лицата кои го имаат овој синдром. Вашиот киропрактичар ќе ги истегне мускулите околу вашето рамо и ќе ви покаже како да изведувате вежби за истегнување во домашни услови.
-
Болка во коленото
Абењето на зглобот на коленото најчесто предизвикува артроза. Ова е многу честа состојба. Киропрактиката може да помогне. Киропрактичарите понекогаш заедно со прилагодување на коленото прават и прилагодување на грбот. Овој тип на третман може да биде поделотворен отколку вежбите исклучиво за колено. Некои лица третирани со киропрактично прилагодување имаат помала болка и подобро движење по само неколку недели од третманот.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.