Хербални суплементи

Билните додатоци доаѓаат од растенијата, но како и лековите, и тие можат да предизвикаат промени во телото. Недостатокот на докази од клинички истражување за поддршка на употребата на хербални суплементи во мултипла склероза (МС), поради непостоење на мерки за следење и контрола на нивниот квалитет, дополнително придонесува да постои загриженост за безбедноста од нивната употреба. Како и кај со секоја комплементарна терапија, луѓето кои размислуваат да користат хербални суплементи треба да разговараат со својот лекар, бидејќи некои од нив не е безбедно да се земаат заедно со лекови.
Хербалните суплементи кои може да се релевантни за луѓето со MС вклучуваат:
- гинко билбоа – мали студии сугерираат дека гинко билбаа може да помогне во намалување на заморот поврзан со МС и може да има антиоксидативен ефект
- ехинацеа – постои недостиг на докази за поддршка на идејата дека ехинацеа може да ги намали симптомите и времетраењето на обичната настинка, но ехинацеа може да го зајакне имунолошкиот систем, кој не би било препорачливо кај лица со МС
- кантарион – обично се користи за антидепресивни ефекти, но оваа билка има познати интеракции со многу лекови
- валеријана – генерално се користи како помош при спиење; но сепак нејзините ефекти врз имунолошкиот систем не се евалуирани
- азиски женшен – некои анегдотски докази укажуваат на зголемена енергија и сила, дека се спротивставуваат на стресот и стареењето, но има малку податоци за поддршка на овие тврдења, а безбедноста на азискиот женшен во MС не е утврдена
- брусница – доказите сугерираат дека брусницата може да помогне во спречување на инфекции на уринарниот тракт; но сепак нејзиното дејство не треба да се ограничи само за лекување на тие тешкотии и проблеми.
Прочитајте повеќе:
- Витамини, минерали и додатоци во исхраната.
- Кои витамини, минерали и суплементи се корисни за мултипла склероза.
Извор: https://multiplesclerosis.net/natural-remedies/vitamins-supplements/
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.