Витамини, минерали и додатоци во исхраната (суплементи)

За да дознаете дали додатокот ќе обезбеди конкретни придобивки, неопходно е да се разбере како функционира имунолошкиот систем кај мултипла склероза (MС) и како одреден витамин или минерал ќе влијае на имунолошкиот систем. Бидејќи МС е автоимуна болест во која имуниот систем го напаѓа телото и предизвикува оштетување на централниот нервен систем (ЦНС), треба да се избегнува додаток кој би го провоцирал, поттикнал или би го подобрил имунолошкиот систем. Дополнително, при евалуација на витамини и минерали за употреба како потенцијални симптоматски и/или модифицирачки третмани, важно е да се провери упатството за ефикасноста и безбедноста на овие супстанции.
Дозирањето е исклучително важен фактор кога станува збор за витамински или минерални додатоци. Земањето одредена доза на витамини и минерали може да биде од корист. Сепак, земени во повисока доза, истиот витамин или минерал може да биде штетен. Значи, многу е важно да работите со вашиот лекар и со другите членови на вашиот тим за нега за да одредите кои додатоци треба да ги земате и во која доза.
Основи знаења за витамините и минералите
Витамини се хемикалии кои треба да го одржуваат здравјето на нашите тела. Освен витаминот Д, кој се произведува во кожата кога е изложена на сонце, ние обично ја задоволуваме дневната потреба на витамини преку исхрана (храна и пијалоци). Витамин Д, исто така, може да се внесе и преку храна.
Минерали се неоргански супстанции. Како и витамините, на нашите тела им се потребни одредени минерали за да останат здрави, кои исто така можеме да ги внесеме преку храната.
The Food and Nutrition Board на The National Academy of Sciences го дефинираше препорачаниот дневен додаток од различни витамини и минерали кои треба секојдневно да се консумираат. Постои општа согласност дека треба да го земеме препорачаниот дневен додаток на основните витамини и минерали за да останеме здрави. Меѓутоа, постои контроверзност околу тоа дали треба да земеме повеќе од утврдениот препорачан дневен додаток. Се подразбира дека земањето на премногу витамини и минерали може да биде опасно по здравјето. Ова е причината зошто е важно да разговарате со вашиот лекар пред да земете витамински или минерален додаток (или било кој друг вид суплемент).
Прочитајте повеќе:
Извор: https://multiplesclerosis.net/natural-remedies/vitamins-supplements/
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.