Барање на второ мислење

Три мислења или повеќе – се подобри од две
Тоа беше мојата годишна проверка во 2017 година, а мојот невролог и јас бевме во неговата ординација. Седев на една од оние мали столици со тркалца, додека тој се потпираше на масата. Штотуку завршивме со дискусијата околу моите симптоми, кои континуирано се влошуваа, и преминавме на планот за лекување, кој се состоеше од продолжување на терапијата што ми беше дадена додека ги чекавме најновите достигнувањата во науката и медицината.
„Морам да Ве известам дека чекам второ мислење за мојот третман од Клиниката во Кливленд”, му реков. „Неодамна се вративме од нашата прва посета на клиниката во Кливленд и Mellen Center for Multiple Sclerosis, која се смета за една од најголемите и најсеопфатни програми за грижа за мултипла склероза (МС) и истражувања ширум светот.“
“Но, на одреден начин”, продолжив, “сакам да бидам повеќе ангажиран и инволвиран во одредувањето и водењето на мојот третман. Не сакам да ги повредувам Вашитете чувства и ја почитувам Вашата способност, но морам да направам сѐ што треба за да го добијам најдобриот можен третман.
Со грчеви во стомакот, ја чекав неговата реакција.
„Тоа е во ред”, рече тој. „Ве разбирам и не Ве обвинувам. Мислам дека најверојатно и јас би го направил истото. Но, мило ми е што ми кажавте.”
Неодамна, прочитав една статија за Quartz со наслов „Добијте второ мислење – лекарите обично не се во право првиот пат“,
потенцирајќи ја вредноста на добивање второ мислење од лекарите. Суштината на статијата се состоеше во следното – истражувањето на Mayo Clinic открило дека кај 88% од случаите „востановената дијагноза на пациентот се променила барем малку кога биле на консултативен преглед кај вториот лекар”.
Она што статијата го немаше вклучено, беше начинот на кој всушност се доаѓа до тој втор разговор. Немаше „пет едноставни чекори како да му кажете на Вашиот лекар дека сакате второ мислење”.
Во текот на моите 13 години патешествие, видов повеќе невролози пред да бидам дијагностициран и тоа се случи само по сопствена иницијатива, менувајќи ја праксата која до тогаш ја користев. Имам 40 години и како и другите на мои години, остарев верувајќи дека лекарите беа непогрешливи, поклонувајќи им целосна доверба, ставајќи ги на највисок пиедестал. Комбинација од вртоглавото сознание дека имам мултипла склероза, дека лекарите, исто така, се луѓе, како и дека здравствениот систем е склон кон грешки, придонесе себе си да се доведам во крајно неповолна ситуација.
Според National Public Radio program „Talk of the Nation,
јас не сум единствениот кој се чувствува вака. Еден слушател побара од експертот во програмата да одговори на прашањата: „Нели барањето за второ мислење го навредува докторот?”, „Кога и како да се побара второ медицинско мислење?”, „Како не може? Ти велиш дека не му веруваш на неговото мислење?”,
Д-р Leonard Lichtenfeld, заменик главен медицински офицер на Американско здружение за рак (анг. American Cancer Society), беше дел од панел дискусијата на емисијата. Д-р Lichtenfeld забележал дека има недостиг на добро обучени лекари од примарната здравствена заштита во САД. „Ние не ги тренираме лекарите од примарната здравствена заштита во оваа земја”, рече тој, велејќи дека тие лекари беа специјално планирани, „заедно да ги соединат парчиња од сложувалката”.
Мултиплата склероза ми даде многу подобро разбирање за тоа колку се комплексни нашите тела и колку е предизвикувачки, да се дијагностицираат и третираат сериозни болести како мојата. И повеќе од тоа, научив дека здравствениот систем (барем во САД) е делумно создаден како систем на агрегирање (формирање целина) и продавање на здравствени услуги и даватели на услуги, кои од друга страна не мора да бидат систем кој би ни давал подобра здравствена заштита.
Здравствените работници, лекарите и специјалистите апсолутно заслужуваат почит (а понекогаш можеби и нешто повеќе од тоа). Но, тоа е моето здравје и мојот живот. Единствените кои ќе страдаат од грешките кои се создаваат околу оваа комплексна болест и во рамките на здравствениот систем, ќе бидам јас и оние што ги сакам.
На крајот на краиштата, можеби нема лесен начин да побарате или да му кажете на лекарот – или на кој било професионалец дека сакате второ мислење. Нема едноставни чекори или скратени патчиња. Сите сме луѓе и сите ние имаме чувства, а понекогаш нашите чувства се повредени. Како и мојата МС, тоа е само живот.
Јас созреав до степен да го ценам мојот однос со мојот моментален невролог и сега го гледам како партнерство создадено во моја корист. Во почетокот посоеја две мислења кои се броеја – неговото и моето. Пред 2 години решив дека три глави ќе бидат подобри од две. Покрај тоа, имаме и роднини во Кливленд. Го засакавме градот и со нетрпение ја очекуваме нашата следна посета на клиниката. Кливленд е прекрасен во есен.
Извор: https://multiplesclerosisnewstoday.com/2017/04/19/second-opinion-ms-more-better/
Пишува: Mike Knight
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.