Систематски преглед на студии потврди дека товарот од релапси кај мултипла склероза е потценет

Неодамна, на 69. годишен состанок на Американската академија за неврологија (анг. American Academy of Neurology) беше презентиран научен труд под наслов „The Economic Burden Of Moderate-To-Severe Multiple Sclerosis Relapse In The United States: Findings From A Systematic Literature Review.”
Според трудот, истражувачите прегледале 24 научни студии поврзани со економскиот товар од релапсите кај мултипла склероза (МС). Повеќето истражувања не се осврнале на сериозноста на релапсите, туку на влијанието на релапсите врз трошокот (економскиот товар), и покажале дека трошоците и влијанието на релапсите на МС се зголемуваат со зголемување на сериозноста на релапсите.
Едно истражување од 2003 година покажало дека 3 месечните трошоци за умерени до сериозни релапси изнесувало 1.847 американски долари, додека за оние со висок интензитет изнесувало 12.870 американски долари.
Друга студија од 2013 година ги прикажала едно годишните трошоци за лесни до умерени по интензитет релапси кои изнесувале 18.981 американски долари додека релапсите со висок интензитет изнесувале 29.355 американски долари. Во 2016 година тие трошоци биле еквивалентни на 21.959 американски долари, односно 33.961 американски долари, соодветно (Слика 1).
Слика 1. Едногодишни трошоци (американски долари) за релапси кај МС, според сериозноста за 2013 и 2016 година
Истражувачите соопштиле дека ефектите од сериозноста на релапсите врз функционирањето и онеспособеноста на пациентот, трошоците за негувателите и времетраењето на релапсите било тешко да се измерат, па затоа тоа не е соодветно испитано.
Фактот дека имало само неколку студии кои ја испитувале сериозноста на релапсите кај МС, ја ограничило анализата и можеле да влијаат врз релевантноста на резултатите.
Воедно, заклучокот е дека товарот поврзан со умерени до сериозни релапси кај МС допрва треба да се разбере и ситуацијата има директно влијание врз свесноста за релапсите и управувањето со нив.
Референца:
- Tara Nazareth, Molly Purser, Rikal Bhaila, Michael Philbin, Deirdre Mladsi, The Economic Burden of Moderate-to-Severe Multiple Sclerosis Relapse in the United States: Findings from a Systematic Literature Review. Neurology Apr 2017, 88 (16 Supplement) P3.402.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.