МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Како клинички изолиран синдром е поврзан со мултипла склероза

Homepage Мултипла Склероза Како клинички изолиран синдром е поврзан со мултипла склероза

Како клинички изолиран синдром е поврзан со мултипла склероза

msmakedonija
јули 13, 2019
Мултипла Склероза

Според National MS Society, клинички изолиран синдром (анг. Clinically Isolated Syndrome, CIS) се однесува на почетни случаи на појава на невролошки симптоми кои траат најмалку еден ден. Овие симптоми се резултат на демиелинизација или воспаление во централниот нервен систем. Синдромот може да биде или монофокален, кога лицето има само еден симптом, на пр. воспаление на оптичкиот нерв или мултифокален, кога се појавуваат повеќе од еден симптом за време на една епизода.

Оние кои доживеале CIS, генерално немаат треска или инфекција за време на епизодата и делумно или целосно се опоравуваат.

Доколку некое лице има CIS, обично има зголемен ризик за развој на мултипла склероза (МС). Ако скенот на мозок со магнетна резонанца (анг. Magnetic Resonance Imaging, MRI) открие лезии слични на оние забележани кај пациентите со МС, постои 60 до 80% шанса дека лицето ќе развие МС во тек на следните неколку години. Овие пациенти се сметаат за високо ризични. Ако на MRI не се откријат  лезии, лицето има 20% шанса да развие МС во иднина. Овие пациенти се сметаат за ниско ризични.

Различности и сличности на CIS и МС

Инциденцата на CIS е како и кај МС повисока кај жените отколку кај мажите, така што кај жените е два до три пати поголема веројатноста да имаат ваква епизода. 70% од оние кои имаат CIS се помеѓу 20 и 40 години. CIS се разликува од МС во тоа што CIS е единствена невролошка епизода, додека МС се повеќе невролошки епизоди. MRI скенот ќе покаже оштетување во областа на мозокот одговорна за CIS симптомите, но пациентите со MС ќе имаат лезии на повеќе места. Меѓутоа, ако се пронајдат повеќе лезии при скен со MRI, тоа е показател дека имало повеќе од една епизода и лицето е исклучително веројатно да биде дијагностицирано со мултипла склероза.

Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте  ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.

Previous Story
Прва регионална соработка на Националното здружение за МС
Next Story
Барање на второ мислење

Најнови објави

  • МС Барометар 2020
  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    понеделник, 15, Мар
    МС Барометар 2020
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

    Welcome back,