Добар и лош подарок за лицата со мултипла склероза
Ако се прашувате што да подарите на ваша драга личност која живее со мултипла склероза (МС), може да се запрашате што би можеле, а на што не треба да размислувате да подарите. Иако, секој подарок од срцето е генерално ценет, тука се и неколку совети за зголемување на вашите шанси да одберете вистински подарок.
Да почнеме со подароците што треба да избегнувате да ги подарувате на лицата со MС.
НЕШТО ШТО ПРАВИ БУЧАВА
Ова е сериозно, не и не за лице со MС кое се соочува со дневните предизвици на когнитивната дисфункција. Подароци како пеење на снегулки или глави на ирваси, се досадни за повеќето луѓе, но за некои луѓе со MС песна што излегува од чуден објект може да го попречи секој разговор или релаксација.
Покрај тоа, некои луѓе со MС страдаат од зголемена чувствителност кон звук поради лезии во мозочното стебло кои го регулираат слухот. Ова значи дека одредени звуци и фреквенции всушност можат да бидат болни за лице со MС.
Треба внимателно да размислите и за класичните подароци кои прават бучава, како што се антички часовници или мали фонтани. Дури и мал дел од мозочните клетки што се „заробени” од аудитивните сигнали за бучава во позадина можат да влијаат на лицето со MС.
СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ
Имате најдобра намера, обидувајќи се да му помогнете на лице со MС повеќе да излегува од дома. Кој би бил подобар начин да го направите тоа, отколку да добие подарок што бара претходно планирање и ги принудува овие луѓе „да се забавуваат”?
Но, проблемот е во тоа што лице со MС не знае како ќе се чувствува за неколку часа, а уште помалку на одреден ден. Кога лице со MС вели дека е уморно тоа обично не се сфаќа сериозно.
Всушност, повеќето луѓе кои живеат со МС не знаат кога симптомот на МС ќе премине од „иритирачки” до точката каде се доведува во прашање функционирањето или во најмала рака, ја спречува забавата на останатите.
Ако сакате да уживате во активност со лице со MС, прашајте го:
„Кое време од денот се чувствуваш најдобро?”
„Сакаш релаксирачко дневно излегување?”
За да го направите подарокот да е навистина посебен, кажете му на лице со MС дека нема да ви ги повреди чувствата дури и ако треба неколку пати да прашате пред да почнете да излегувате со нив.
„ИНСПИРАТИВНИ” ПОДАРОЦИ
Немојте да подарите на лице со МС слика на планина со цитат за тоа што би можел да оствари. Лицето со МС има потреба од нешто повеќе од зборови на охрабрување за да ги надмине вистинските пречки. Импликацијата може да биде штетна.
Избегнувајте подароци со верска порака, освен ако не сте интимни со оваа личност и знаете што им значи верата. Истото важи и за политички пораки. Не претпоставувајте дека луѓето со MС се физички подобри или полоши, бидејќи одреден претседател или политичар е на власт.
ИСТ ПОДАРОК, РАЗЛИЧНО ЗНАЧЕЊЕ
Има некои навистина позитивни и смешни работи поврзани со MС, како одлични маици, чаши и сувенири. Но, освен ако немате MС, веројатно не треба да дадете некој од овие подароци на лице со МС. Она што може да биде смешно или значајно за луѓето во истата група може да биде вознемирувачко кога го подарува лице кое нема МС.
ПОДАРОЦИ СО ПОРАКА „ТРЕБА”
Луѓето со MС веројатно знаат дека тие (како и сите други) „треба” повеќе да вежбаат и „треба” да ја најдат позитивната страна на секоја ситуација. Повеќето пушачи (со или без МС) знаат дека „треба” да престанат да пушат, а кој меѓу нас би имал корист од здрав оброк?
Не е мудро да се каже некому (независно дали има MС или не) она што „треба”, барем не во форма на подарок како опрема за вежбање или книга „Пилешка супа” за хронична болест и нејзините благодети. Ова може да значи дека МС е вина на лицето или дека имаат поголема контрола врз нивната болест отколку што мислат. Овие подарочни пораки можат да предизвикаат повредени чувства, што е последното нешто што го сакате за вашата драга личност.
ИЗНЕНАДУВАЧКА ЗАБАВА /РАЗОНОДА
Како што лице со MС обично не може да ги планира работите неколку месеци однапред, исто така, потребна е подготовка пред да започне нешто. Можеби ќе треба повеќе време да искористи за одмор и да заштеди енергија денот кога знае дека има настан. Потоа, постојат мали, но неопходни, практични задолженија кои се обврска на лицата со МС (на пример, лекарства во одредено време, дополнително време кое е потребно да изгледа убаво ако знае дека ќе има прослава).
Изненадувачките забави би можеле да ја пореметат контролата што ја имаат лицата со МС над работите што треба да ги направат за да се подготват за исцрпувачки настан, како и да им наметнат хаотична ситуација за која не се подготвени.
Иако, постојат голем број на подароци кои би требало да ги избегнувате кај лицата со МС, тука се и идеи за подарок кои би биле полн погодок:
РАЗМИСЛЕТЕ ШТО ГИ ИНТЕРЕСИРА
Размислете за омиленото хоби и подарете нешто поврзано со тоа. На пример, ако вашиот пријател, член на семејството или колега има MС и сака да чита мистериозните романи, можете да подарите еден роман или размислете за подарок картичка во книжарница или онлајн извор. Ако уживаат во природата, купете убава слика или растение. Можете исто така да размислите за претплата на месечно списание или кафе, вински клуб.
ДОНИРАЈТЕ НА НИВНАТА ОМИЛЕНА ФОНДАЦИЈА
Донирањето е навистина внимателен подарок. Не мора да значи дека омилената фондација на ваша драга личност е поврзана со МС. Дозволете им да изберат.
ПОДГОТВЕТЕ/ПОДАРЕТЕ ХРАНА
Секој сака да му се посвети внимание од време на време. Размислете за испраќање или доставување на кошница свежо овошје или колекција на нивните омилени закуски. Се разбира, внимавајте ако ова лице има диететски ограничувања или алергии.
ИЗРАБОТЕТЕ НЕШТО
За изработка често пати потребно е повеќе време отколку за купување нешто од продавницата. Тоа покажува време, напор и сочувство – обидете се да направите картичка, рачно изработете шамија или парче накит, згответе домашна вечера.
ВАШЕТО ПРИСУСТВО
За жал, многу луѓе со MС се изолирани, и буквално и фигуративно. Тешкотии со одење и замор можат да го направат тешко излегувањето од дома. Освен тоа, осаменоста при живеење со болест што повеќето други околу вас ја немаат, е многу реална и тешка и понекогаш мора да се доживее.
Запомни, твоето присуство преку посета или дури и телефонски повик може позитивно да влијае.
Напомена
Горенаведените совети се наменети да ве насочат, но, се разбира, не се однесуваат на секој човек со MС. На пример, близок пријател со MС може да ужива во изненадувачка забава, концерт или инспиративен роман за читање.
За крај, верувајте во вашите инстинкти и бидете внимателни. Дарувањето е пријатно, прекрасно дело и може да го зајакне вашиот однос со некоја личност.
Извор: www.verywellhealth.com/gifts-not-to-give-to-people-with-multiple-sclerosis-2440494
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.