МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Нашиот сајт е прогласен за „НАЈДОБАР САЈТ ЗА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА 2020″

Homepage Новости Нашиот сајт е прогласен за „НАЈДОБАР САЈТ ЗА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА 2020"

Нашиот сајт е прогласен за „НАЈДОБАР САЈТ ЗА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА 2020″

msmakedonija
декември 21, 2020
Новости

Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза со огромна чест информира дека веб сајтот на Националното здружение за МС се закити со епитет победник во категоријата „НАЈДОБАР САЈТ ЗА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ 2020“, на изборот за Сајт на годината кој се одржа неодамна.

Оваа година по 11-ти пат беше одржана престижната манифестација Избор на Сајт на годината на која од вкупно 533 номинирани сајтови беа прогласени по три победници во 18 категории.

Прогласувањето на победниците за 2020 година се одржа на 16.12.2020 година преку онлајн стриминг платформи достапни на Sajtnagodinata.mk и на Фејсбук профилите на организаторот „Media Solutions“.

Годинава, како резултат на светска пандемија со COVID-19 посебно се потенцираше потребата од квалитетен сајбер простор. Во услови на препорачана физичка дистанца и неопходноста секојдневните активности да се одвиваат онлајн беше принудно нашите животи да ги прилагодиме на новонастанатата ситуација, а со самото тоа, за кратко време да ги прилагодивме своите активности преку интернет.

Изборот на Сајт на годината традиционално се одржува од 2010 година и во текот на овие 10 години прерасна во алатка за промоција на талентот на сè поголема група сопственици на сајтови, дизајнери, програмери, новинари, фриленсери и огромен број ентузијасти кои работат во сајбер просторот во Македонија.

Избор за Сајт на годината е проект во организација на дигиталната маркетинг агенција „Media Solutions“, која е сопствeник на платформата keepaneye.mk, во партнерство со АдМедиа, со поддршка на Министерство за култура, кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.

Посебно сме благодарни на сите кои го препознаа нашиот труд, ја поддржаа нашата работа и придонесоа да ја добиеме оваа престижна награда. Ова претставува дополнителен мотив и поттик за понатамошна посветена работа во интерес на лицата со мултипла склероза и членовите на нивните семејства.

ЗА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МС 

Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Од 7. мај 2020 година, Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platfrom, EMSP).

Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.

Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

Previous Story
Депресијата кај мултипла склероза е поврзана со влошување на невролошките функции
Next Story
Добар и лош подарок за лицата со мултипла склероза

Најнови објави

  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
  • Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна исхраната кај лицата со МС, дали игра улога и како може да помогне?

    Welcome back,