Усвоен етички кодекс на однесување и соработка со фармацевтската индустрија

Усвоен етички кодекс на однесување и соработка со фармацевтската индустрија
Скопје, 06. април 2019 година
На седницата на Собранието на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС одржана на 05.04.2019 година, членовите на собранието едногласно го усвоија Етичкиот кодекс на однесување и соработка со фармацевтската индустрија.
Целта на овој етички кодекс е да обезбеди етичка, кредибилна и транспарентна соработка помеѓу членовите и извршните тела на Националното здружение за МС од една страна и фармацевтската индустрија од друга страна. Причината за формално уредување на оваа материја е од исклучителна важност и ќе биде во насока да се одржи индивидуалниот интегритет кога се соработува и се реализираат активности и проекти за доброто на пациентите. Затоа, сите типови на соработка треба да се соодветно регулирани не само со правила и прописи, туку и со соодветно спроведување и имплементирање. Од таа причина го вклучуваме и овој документ кој дефинира најдобри практики на соработка, а ќе служи за менаџирање на односите со фармацевтската индустрија.
Здружението соработува со фармацевтската индустрија согласно овој кодекс. Очекуваме и тие да го почитуваат овој кодекс на однесување при соработка со нас.