МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Сајтот на Националното здружение за МС се закити со награда

Homepage Новости Сајтот на Националното здружение за МС се закити со награда

Сајтот на Националното здружение за МС се закити со награда

msmakedonija
декември 18, 2019
Новости

Скопје, 17.12.2019 година

Во присуство на над 150 гости, во најголем дел создавачи, сопственици, дизајнери, автори на содржините на голем број македонски веб-сајтови, на 17.12.2019 г. во Скопје беа доделени наградите за Сајт на годината за 2019 година.

Ни претставува огромна гордост да ви обзнаниме дека на оваа престижна манифестасија Сајт на годината, Националното здружение за момош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС го освои треттото место во категоријата Сајт на невладини организации во конкуренција со триесеттина други етаблирани и реномирани невладини субјекти.

Посебна радост ни причинува фактот што токму на јубилејот 10 години Сајт на годината, сајтот на Националното здружение за МС беше препознаен од посетителите  (кои придонесоа со 40% во изборот) и од стручното жири (60%), како еден од кандидатите вреден за награда. 

Избор за Сајт на годината е проект во организација на дигиталната маркетинг агенција Медиа Солутионс, која е сопствeник на платформата keepaneye.mk, во партнерство со АдМедиа, со поддршка на Министерство за култура и Кожувчанка ДОО Кавадарци, кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградувањае на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија. 

Сајт на годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во нашата држава, низ годините прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне, поттикне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото. Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата. Оваа година своите гласови ги дадоа речиси седум илјади интернет посетители од Македонија.

Благодариме на сите кои ја поддржаа нашата работа и ги дадоа своите гласови и воедно упатуваме посебна благодарност до стручното петчлено жири кое преку оценување на сајтовите според следните критериуми: технички параметри, дизајн, функционалност/употребливост, содржина, интерактивност и иновативност/креативност, високо го оцени нашиот труд и ги награди нашите заложби и остварувања.

Ова претставува потврда за нашата досегашна работа и дополнителен мотив за поголеми остварувања во иднина.

Previous Story
Подготовки за зима со мултипла склероза
Next Story
Прелиминарен состанок по повод проект за утврдување на квалитетот на живот на лицата со мултипла склероза

Најнови објави

  • МС Барометар 2020
  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    понеделник, 15, Мар
    МС Барометар 2020
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

    Welcome back,