МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Прелиминарен состанок по повод проект за утврдување на квалитетот на живот на лицата со мултипла склероза

Homepage Новости Прелиминарен состанок по повод проект за утврдување на квалитетот на живот на лицата со мултипла склероза

Прелиминарен состанок по повод проект за утврдување на квалитетот на живот на лицата со мултипла склероза

msmakedonija
декември 21, 2019
Новости

Скопје, 20. декември 2019 година 

Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза информира дека денес во библиотеката на ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија, Скопје се одржа работна средба на претставници на здружението, претставници на Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА) и членови на Медицинскo/стручниот одбор при Националното здружение за МС. Целта на иницијалниот состанок беше да се дефинираат активности и координација во насока на успешно спроведување на исклучително важен проект за лицата кои живеат со мултипла склероза (МС) во нашата држава. 

Проектот насловен „Проспективно истражување на квалитетот на живот на лицата со МС во Република Северна Македонија“ ќе се спроведе од јануари до април 2020 година, а негова крајна цел ќе биде да се прикаже квалитетот на животот на пациентите со мултипла склероза во нашата држава. Ќе биде користен валидиран прашалник за испитување на квалитет на живот на лицата со МС, MSQOL-54. Планирано е во истражувањето да бидат опфатени голем број на лица со мултипла склероза со цел прибирање и добивање на релевантни и веродостојни податоци кои би биле неопходни за успешна реализација на овој проект.

Спроведувањето на ова истражување е од круцијално значење за лицата со МС, за здравствените работници и власти, бидејќи согласно добиените податоци, Националното здружение за МС заедно со сите релевантни чинители би ја насочило својата работа и дејствување кон подобрување на оние сегменти кои ќе се покажат како најкритични.

Планиранo е резултатите од истражувањето да бидат публикувани и презентирани на Интернационалниот медицински научен конгрес во организација на ММСА во мај 2020 година, под менторство на Медицинскo/стручниот одбор со помош и поддршка на Рош Македонија ДООЕЛ Скопје.

Веруваме дека лицата кои боледуваат од мултипла склероза ќе бидат отворени за соработка и ќе дадат свој придонес со цел успешно реализирање на овој проект кој ќе го утврди квалитетот на живот на лицата со МС во нашата држава.

Previous Story
Сајтот на Националното здружение за МС се закити со награда
Next Story
Сé во природата е поврзано

Најнови објави

  • МС Барометар 2020
  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    понеделник, 15, Мар
    МС Барометар 2020
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

    Welcome back,