Сајтот на Националното здружение за МС со награда на Сајт на годината 2021

Веб страницата на Националното здружение за МС освои трето место на изборот за Сајт на годината, во категоријата: „НАЈДОБАР САЈТ ЗА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ 2021“.
Оваа година по 12-ти пат беше одржана престижната манифестација Избор на Сајт на годината на која од вкупно гласаа 2.219 корисници и беа прогласени по три победници во 22 категории.
Прогласувањето на победниците за 2021 година се одржа на 13.03.2022 година преку онлајн стриминг платформи достапни на Sajtnagodinata.mk и на Фејсбук профилите на организаторот „Media Solutions“.
И оваа година, како резултат на светска пандемија со COVID-19, посебно се потенцираше потребата од квалитетен сајбер простор. Изборот на Сајт на годината традиционално се одржува од 2010 година и во текот на овие 11 години прерасна во алатка за промоција на талентот на сè поголема група сопственици на сајтови, дизајнери, програмери, новинари, фриленсери и огромен број ентузијасти кои работат во сајбер просторот во Македонија.
Избор за Сајт на годината е проект во организација на дигиталната маркетинг агенција „Media Solutions“, која е сопствeник на платформата keepaneye.mk, во партнерство со АдМедиа, со поддршка на Министерство за култура, кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.
Посебно сме благодарни на сите кои го препознаа нашиот труд, ја поддржаа нашата работа и придонесоа да ја добиеме оваа престижна награда. Ова претставува дополнителен мотив за понатамошна посветена работа во интерес на лицата со мултипла склероза и членовите на нивните семејства.