МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

НАЦИОНАЛНИ ДЕНОВИ НА МС 2020 – „Душата мисли во слики“

Homepage Активности НАЦИОНАЛНИ ДЕНОВИ НА МС 2020 - „Душата мисли во слики“

НАЦИОНАЛНИ ДЕНОВИ НА МС 2020 – „Душата мисли во слики“

msmakedonija
октомври 19, 2020
Активности, Новости

Скопје, 19. октомври 2020 година

Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза информира дека во овој октомври, втора година по ред ги обележува „Националните денови на МС“, кои евидентно веќе прераснуваат во традиција.

Во рамките на „Националните денови на МС“, под наслов „Душата мисли во слики“ од 19 – 24 октомври е поставена изложба на уметнички слики на педесетина еминентни академски уметници од земјата и од странство, во галерија „КО-РА“ ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

Целта на овој настан е да се подигне свеста за мултиплата склероза (МС) и да се даде поддршка на лицата со МС и членовите на нивните семејства преку креативната мисла како двигател поттикнат од исцелителната моќ на уметноста.

„Посебно ми е драго што оваа година тоа го правиме преку поврзување на уметноста и креативната мисла кое дава позитивна нишка на не така ведрото секојдневие со кое се соочуваме во изминатиот период.“ – изјави Ана Карајанова-Димитрушева, Претседателка на Националното здружение за МС.

Настанот го отвори и му даде свечена нота м-р Гоце Наневски, професор на факултетот за ликовни уметности Скопје, на катедрата вајарство.

Посебно сме горди и неизмерно благодарни на сите врвни и докажани уметници кои зедоа учество и го адресираа моментот на солидарност и емпатија како високи етички вредности.

„Изразувам огромна благодарност на сите присутни кои одвоија време да бидат дел од отворањето на изложбата по повод Националните денови на МС со наслов „Душата мисли во слики“. Посебна благодарност упатувам на сите ликовни уметници кои несебично дадоа придонес со изложување на своите уметнички дела и што оваа изложба ја посветија на лицата со мултипла склероза. И на крајот, но не и најмалку важно, благодарност до организациониот тим и Галеријата КОРА кој напорно работеше овој настан успешно да се одвива.“ – изјави Ана Карајанова-Димитрушева, Претседателка на Националното здружение за МС.

Уметноста претставува креативна интерпретација на творечкиот мисловен процес – форми и слики кои ја откриваат својата суштина и цел, притоа го откриваат нашето лично јас, никулецот на мислата која проникнува во идеја, процес од кој се создава самата таа како експрсијата на сето она што е сокриено во нас, а истото благодатно здобиено открива потреба создавачкиот процес да биде одраз на доживеаната емоција која веќе добива сосем поинаков облик и обоеност.

Националното здружение за МС останува посветено на реализирање на својата мисија и визија каде во фокусот секогаш се грижата за пациентите со МС, остварување на нивните потреби и надминување на проблемите и предизвиците кои се секојдневие за овие лица. Во иднина грижливо ќе продолжиме со својата хумана работа и ќе се трудиме да прераснеме во одговорен сервис кој ќе ја оправда целта на нашето постоење и ќе биде доказ за успешно остварување на потребите на лицата со мултипла склероза во нашата држава.

ЗА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МС 

Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Од 7. мај 2020 година, Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platfrom, EMSP).

Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.

Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

Previous Story
Симптоми на МС: Успешно справување со болката во грбот
Next Story
Социјални медиуми и мултипла склероза: Управување со информации

Најнови објави

  • МС Барометар 2020
  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    понеделник, 15, Мар
    МС Барометар 2020
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

    Welcome back,