YouTube канал на Националното задружение за МС

Една од социјалните мрежи со кои располага Националното здружение за МС e YouTube каналот, кој официјално е ставен во функција на 26. јуни 2019 година и искреиран со цел да допре до поголем број корисници на кои им е потребна информација и едукација.
YouTube каналот на Националното здружение за МС располага со повеќе од 100 содржини (видеа, снимен материјал, кратки информативни клипови за МС и останати корисни теми), за потребите на лицата со мултипла склероза.
Посебно задоволство ни претставува што во текот на месец јули, кој се смета за период на стагнација поради летните годишни одмори, јутјуб каналот на Националното здружение за МС бележи 1.080 прегледи односно 53% повеќе споредено со предходниот период, како и 1.339 минути гледаност кое е за 44% повеќе од предходниот период.
Посетете го YouTube каналот на Националното здружение за МС на следниов линк и доколку сакате да ги добивате сите нови содржини кои ќе бидат споделувани на YouTube каналот само претплатете се со притискање на копчето subscribe.
Во иднина, заради подобра информираност, ќе продложиме да развиваме и друг вид алатки, со цел достапност и на другите распложливи социјални мрежи, а сето тоа во насока на обезбедување поголема ефикасност и поедноставен пристап до најновите сознанија и информации до сите лицата на кои им е потребно.