Глобален МС хор

Скопје, 22. мај 2020 година
Со цел да ја прославиме овогодинешната кампања на Светскиот ден на мултипла склероза, #MSConnections, луѓе од целиот свет, се обединија за да пеат заедно на 30. мај оваа година.
Музиката е многу присутна во животите на сите лица, но да не ги заборавиме здравствените придобивки од музиката. И покрај фактот дека музиката влијае да се чувствуваме убаво, пеењето навистина може да помогне во подобрување на нашето физичко и ментално здравје. Може да им помогне на нашите бели дробови, нашите срца, нашите мозоци … и социјалните врски што произлегуваат од пеењето заедно се одлични за нашиот ум!
Во духот на темата MS Connections на Светскиот ден на MС, преку 100-тина лица со мултипла склероза ќе ја пеат песната „Lean on Me“ (Bill Withers). На наше големо задоволство и член од нашето Национално здружение за МС ќе биде дел од глобалниот МС хор.
„Имаме фантастичен режисер на хор, Mark De Lisser, кој работи со нас за успешно да го аранжираме музичкото дело. Марк е еден од најбараните хорски режисери и аранжери во музичката индустрија. Тој има над 20-годишно искуство и со неговата работа е присутен на многу телевизиски емисии во Велика Британија, вклучувајќи го и „Гласот“ и „Запознајте ја улицата“, каде што ги здружува изолираните заедници заедно во хор.“ – изјави Ана Карајанова Димитрушева од Националното здружение за МС.
Ве молиме, придружете ни се на 30. мај за да ја проследите изведбата во живо на Фејсбук страната на World MS Day и на YouTube каналот.
Повеќе информации за тоа како дополнително Националното здружение за МС ќе придеонесе за одбележување на овогодинешниот Светски ден на МС можете да прочитате на следниов линк.